Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1609611 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Морбилите убиле над 200 милиони луѓе само во 20-от век. Последната најголема епидемија е во Југославија и решена како? Со вакцинација. Јас не сакам да живеам со тој ризик и ќе го вакцинирам моето дете.
Ван, си пиел парацетамол во живот? Си прочитал можни негативни ефекти? Го спомнувам зашто кај нас тоа се пие редовно.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Не зборува за тебе Симо - ВлаткоКЛП едноставно со пример покажува примена на ад хоминем затоа што не може како човек да дискутира на темава за која зборуваме. Се замислува некој психолог ваљда, прави некоја психоанализа.  ::)

Друже за друго зборуваме, не зборуваме за невакцинација.

Парацетамол?
Можеби еднаш-два пати во животов. Се зима за симнување високи температури, над 40, над 41с? Така беше?
Кажи нешто повеќе, не сум читал за ова.

За здравјето на нашите деца се работи! А ти Ван, чекај поквалитетни вакцини. Можда од марс ќе паднат.
Сигурно нема сами по себе да дојдат поквалитетни вакцини. Не без писмена популација која ќе инсистира вакцините да се набавуваат по принцип на квалитет - не по принцип на што е најевтино.

Тргни од себе, макар за нетолку важни работи. Ете како на пример, за облека и обувки. Ти на твоите деца им купуваш најевтина облека и обувки? Им купуваш најевтино јадење? Најевтините играчки?

Епа ако не, тогаш зошто побогу би се согласил твоите деца да добиваат НАЈЕВТИНИ ВАКЦИНИ?

Цитат
Не Ван, едуцирај ме за инфламации те молам - едвај чекам.
Не биди толку тепачки расположен. Немам време (богами ни волја) сега да напишам ништо подетално од ова следново: Дел од функционалноста на вакцините се добива преку предизвикување на посилен имун одговор на организмот. Заради тоа се ставаат некои работи како тимерсол, жива, итн. Тие работи самите по себе не се толку штетни колку инфламациите кои ги предизвикуваат, а некогаш и претераниот имун одговор. Инфламација предизвикуваат и самите ослабени форми на вирусите... Ај сега обиди се да разбереш дека за осумвалентна вакцина, со осум вакцини во една физичка вакцина, со тоа имаш и осум пати повеќе инфламатори и осум пати повеќе инфламација. И осум пати посилниот ангажман на имуниот систем... Е сега кога го знаеш ова истражи малку и за автоимуни заболувања и како настануваат, и на крај нивната поврзаност со аутизмот.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Еве, тргнувам од себе: Моите деца ги јадат истите манџи и истите ужинки и јогуртчиња како и останатите деца во градинка и во школо. Дали може да им приуштам подобра исхрана? Можам.
Ете, сум се согласил за најефтиниот добавувач нахрана на тендерот за храна и ужинки.
Зошто мислиш дека ако вакцините се НАЈЕФТИНИ дека се НАЈНЕКВАЛИТЕТНИ? Зошто пробуваш да ја поставиш аналогијата дека квалтиет=цена. Поготово кога се работи за така големи работи како тендери од државни размери? Производната цена на вакцините не значи дека соодветствува со понудената на тендер. Може да е најскапа производсвена цена, али да отишле со најмала маргина на протфит и да испаднале најефтини на тендерот, додека некоја „ефтиноќа“ од фирма се полакомила и дала повисоки цени и изгубила.
Има други критериуми за одредување на квалитетот на вакцините - не нивната тендерска цена.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Еве го бате Ване!

Ок, за ублажување симптом на настинка што пиеш најчесто? Зборуваш за несакани ефекти на вакцините, а најчестите ствари што се пијат за најосновните работи можат да те убијат.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Ја знаете онаа рекламата, за несаканите ефекти консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт...а тоа не сте вие . Незнам зошто драмите толку, има лекари, прашајте си ќе ви кажат, сепак си ја знаат работата.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Ок, за ублажување симптом на настинка што пиеш најчесто? Зборуваш за несакани ефекти на вакцините, а најчестите ствари што се пијат за најосновните работи можат да те убијат.
Настинки?
- често земање помали количини витамин Ц, бафериран (Sodium ascorbate), можеби и грејпсид екстракт.
- големи количини чај од свеж ѓумбир, со мед и лимун, а богами и рум.
- ако е маф работата, греана домашна сливовача (лично моја) со мезе од туршија (ферментирана само со вода и сол) и толчен лук, и некоја солена печеница или пршута (солено, за да ме тера да пијам повеќе од претходноспомнатиот чај).  ;D

Еве, тргнувам од себе: Моите деца ги јадат истите манџи и истите ужинки и јогуртчиња како и останатите деца во градинка и во школо. Дали може да им приуштам подобра исхрана? Можам.
Ете, сум се согласил за најефтиниот добавувач нахрана на тендерот за храна и ужинки.
Зошто мислиш дека ако вакцините се НАЈЕФТИНИ дека се НАЈНЕКВАЛИТЕТНИ? Зошто пробуваш да ја поставиш аналогијата дека квалтиет=цена. Поготово кога се работи за така големи работи како тендери од државни размери? Производната цена на вакцините не значи дека соодветствува со понудената на тендер. Може да е најскапа производсвена цена, али да отишле со најмала маргина на протфит и да испаднале најефтини на тендерот, додека некоја „ефтиноќа“ од фирма се полакомила и дала повисоки цени и изгубила.
Има други критериуми за одредување на квалитетот на вакцините - не нивната тендерска цена.

Релативизираш. И очигледен си во тоа. :)
Добро, разбирам дека не сакаш да ги двоиш децата во градинка и во училиште.

Но и за дома купуваш од најевтината храна?
Навистина ќе се обидеш да ме убедиш дека најевтиното месо е „квалитетно“? Дека најевтиниот хемија-во-шише сок е подобар од домашно свежо цеден сок/смути од овошје и зеленчук? Евтин џанк-фуд со транс-масти и куп рафиниран шеќер, е подобар од објективно поскапата но неспоредливо поздрава whole food исхрана?

Иди бегај бе Симо, евтино и квалитетно не иде заедно - барем не во фармација.
Тераш некој инает, бараш да ловиш вештерки, а се што се бара е поголем квалитет нашите пари кои ги даваме во здравството. Се разбира, и свесност за несакните последици е потребна во комбинација со сето ова. Не како изговор за апстиненција, туку како врвна причина за поголем квалитет. На вакцините.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Едино што може да се "избори" е да ги плаќаме потполно истите вакцини 80% поскапо.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Јас за почеток ќе бидам задоволен и од помалку-валентни вакцини, како и поголема свесност на луѓево за потребата од временски размаци меѓу вакцините. И за поголема свесност за работите како алергии на состојките, и за тоа колку немарни можат да бидат поедини здравствени работници... Дали заради превработеност, дали заради неодговорност, сеедно.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Што е штетата од валентност кај вакцините?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Што е штетата од валентност кај вакцините?
Штетата е, наместо 3 пати да те боцкаат, еднаш ќе те боцнат, и наместо три  пати да имаш нешто повишена температура како реакција на вакцинирањето, ти само еднаш (а може и ниеднаш) ќе качиш температура.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Што е штетата од валентност кај вакцините?
Штетата е, наместо 3 пати да те боцкаат, еднаш ќе те боцнат, и наместо три  пати да имаш нешто повишена температура како реакција на вакцинирањето, ти само еднаш (а може и ниеднаш) ќе качиш температура.

Помалку инекции примаш ако се повалентни?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Што е штетата од валентност кај вакцините?

Наводно, самиот имун систем се преоптоварува од комбинацијата на вакцини. Теоретски е добра идеја, затоа што намалува број на вакцинирања, намалува цена на производство, помалку одење на доктор, итн. Но, во исто време организмот треба да создава анти-тела за неколку болести наеднаш. Некои интернет нинџи тоа го сврзуваат со аутизам, некои со штетност и отрови за контрола на популацијата. Не знам која е штетата, претпоставувам дека можеби комбинацијата од создавање анти-тела за повеќе работи наеднаш може да донесе до несакани ефекти кај еден организам.

...

Па не знам како се набавуваат вакцини. Во докторските/педијатарските ординации сигурно не се на тендер туку си ги покрива здравственото осигурување. Единствено со државните клиники не знам како е, но фактот што покраините поседуваат дел од акции/компании од хемиско-фармацевстката индустрија, сигурно имаат умешано прсти во јавните набавки и тендерите. Друго, нормално дека доктор ќе одлучи што и како треба. Па јас кога бев дете и кога имаше вакцинации се пазеше на тоа (да не си болен, да не си алергичен, да не си примал во скоро време вакцина, и слични работи). Ако ти треба дополнителна информација ќе прашаш доктор да те упати да ти каже, да ти објасни. Не ми е јасно зошто не би објаснил или не би истражувал повеќе самиот доктор за да знае што е како е. Вака кога ве читам тука, уствари испаѓа дека многу голем проблем се и докторите и нивната стручност.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Kако стојат работите со ацелуларните вакцини таму во Германија?

Што е штетата од валентност кај вакцините?
Неколку поста погоре напишав накратко за ова (крајот од постот).
Инаку можеби не ја разбираш терминологијата, поливалентна вакцина е фенси медицински назив за коктел од повеќе вакцини сместени во една инекција.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Ок јас мислев нешто во врска со врзување на атоми со водород е работата.