Многу прашина се крена околу вакцините и со право. Прво 8 валетни вакцини не се примаат никаде во свет. Второ вакцини набавени на тендер по принципот (најниска цена), не фала. Трето никој не излезе со потврда дека вакцините се безбедни и меѓународно се признати.
Знам многу случаеви каде што децата после вакцините останале со траен ивалидитет. Фала богу тоа никој доктор не сака да го потврди бидејки ке лета од работа во првите 24 часа.
Друга работа, детето пред да прими било каква 8 валетна вакцина (осум вируси) треба да е 100% здраво, ни носе не смее да му тече. Ама ова никој кај нас не го кажува. Туку само бутај нека се трошат, некој пари нека прави.
Не сум против вакцинирање, напротив треба сите да бидат вакцинирани но не под овие услови. Не со вакцини што само во нашава држава се даваат за некој да профитира или да не тестира! Никој не сака детето од здраво право да го осакати за цел живот.
Ова треба да се стави како прв пост во некоја тема за вакцини.
Пар додатни факти:
- Единствен „бенефит“ од поливалентни вакцини е заштеда (труд, време и пари). Но тоа е заштеда на сметка на последиците врз - како што велат „одреден мал број случаи“. Сите овде нека се прашаат што би мислеле за оваа „заштеда“ ако нивното дете е тоа дете што ќе остане со животни последици (аутизам, итн). Системот „заштедил“ колку за уште едно туристичко службено патување на куртоните од администрацијата, а детето потоа ќе треба доживтно да користи медицинска и секаква помош. Јака заштеда.
- Нека набавуваат најевтини вакцини. Ама треба да остават можност некој што сака да може да доплати за поквалитетни вакцини. Или подобро, на секој што плаќа здравствено осигурување да му следува поквалитетни вакцина. Паразитите што се на терет на општеството каде ниеден родител не плаќа даноци за здравството - епа тие ќе мора да се задоволни и со поливалентни вакцини. Не е праведно вака работниците да го јадат заради неработниците. И контрапродуктивно е на среден и долг рок: се промовираат неработници наместо работници.
Уште еднаш: Повеќето од незадоволните (популарно навредувани како антиваксери), не се противници кон вакцините туку се незадоволни од квалитетот на вакцините и од фактот што се инсистира на поливалентните вакцини, односно општиот тренд на бутање се повеќе и повеќе вакцини за разни вируси во една физичка вакцина.
^^
Ќе ги замолам само сите „про-наука“ ликови да го прочитаат неколку пати последниов пасос пред да почнат да паѓаат во несвест со „антиваксер“ филмови.