@велештрумф зависи од каква операција е извршена. Каде била скршеницата. Дали е ставено плочка со штрафови или интрамедуларен клин ?!? Обично може да почне да оптоварува после месец дена
@salt @NeVeNR или уште некој ако има познавање и/или разбирање на темата:
После колку време после операција на скршеница на нога смее да се вози кола? Има некои конкретни показатели или нешто слично?
Конкретни показатели нема. Индивидуална проценка на специјалистот ортопед/трауматолог кој те оперирал и кој те пратил на физикална терапија. Вака на памет ако збориме, после завршена физ. терапија и ако нема поголема атрофија на околните мускули и ако не е повреден некој нерв, тетива, лигамент или зглоб а ногата можеш со цела тежина на тело да ја користиш и не чувствуваш болови и вкочанетост после подолго оптеретување, не гледам некој проблем да возиш кола. Ама ниту знам за каква фрактура станува збор, која коска, каква операција (само репозиција или вградуање на ортопедски имплант - плочка и штрафови) и колку долго ногата стоела во гипс и како изгледа калусот на коската и дали веднаш е почнато со физикална итн. Затоа велам на памет е многу тешко да се каже, а и со друга проблематика се бавам, затоа препуштам на @salt да се изјасни. Мислам дека он беше ортопед.
Скршена е тенката коска на десната потколеница (ваљда фибула беше). Има спирална (WBC) фрактура, на три дела (горен дел, скршен „отсечок“ и долен дел). Поставена е плочка 10 цм, со 6 мали шрафа и 2 долги фиксатори кои одат низ двете коски. Скршеницата е непосредно над скочниот зглоб. Лигаментот беше делумно скинат.
Ногата беше во гипс една недела, после тоа ми дадоа „чизма“. Физикална немам почнато, а не смеам да газам на ногата. Веќе се поминати 5 недели од операцијата, и имам (барем) уште 3 додека да ги извадат долгите шрафови. После тоа би следела физикална и што ти ја знам што друго.
Не би требало да има други повреди или оштетувања во близината, а мускулите ми се сериозно намалени (а имав поприлично развиени нозе). Десната потколеница ми е малтене упола од левата, која и онака ми беше поразвиена.
После вадењето на долгите шрафови, би требало да смеам да газам на ногата, и пак да почнам да ја користам. Ме интересира, дали ќе смеам да возам непосредно после тоа, пошто ќе ми доаѓаат гости, па дали ќе можам да одам да ги соберам од аеродром, или ќе треба да фаќаат воз.
@salt @NeVeNR или уште некој ако има познавање и/или разбирање на темата:
После колку време после операција на скршеница на нога смее да се вози кола? Има некои конкретни показатели или нешто слично?
која нога е скршена?
ако е скршена левата нога и колата е аутоматик... ја со скинат лист возев после недела дена, бандажиран и све.
Ни тоа, ни тоа. Десната нога ми е скршена, а колата не ми е аутоматик
