Да не ме разбере некој дека го бранам тоа Infomax страњето, ама па и тоа rationalwiki му доаѓа нешто како „специјална“ рационалност - за тие што ги мрзи да ги истражат работите, и се задоволуваат со навидум најуверливото нешто во мало скоцкано паковање (кое секогаш е нечија пропаганда). Класична човечка подлежност на влијанија.
Ама како и да е, сеедно кој какви матни работи може да прави (и прави), ама матичните клетки се многу ветувачка медицинска терапија за многу различни болести и повреди. Направете си сите услуга и едуцирајте се макар површно за можностите. Сите ние како гласачко тело, ако бидеме свесни за терапиите со матични клетки - ќе можеме да влијаеме на политичарите тоа да почне да станува достапно во Македонија. Дури и премногу да сум оптимист за тоа, сепак ништо нема да загубиме со малку едукација, нели?