Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1615546 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Тоа е муабетот,демек мора да отиде некој курбан за да се спасат повеќете.Не е етички,у најмала рака,а тек па на своја кожа кога ќе го осети некој,тогаш па ептен ти е гајле за корисното дејство на вакцината. @Tischläufer е сосема во право,но таа страна не се разгледува,а кога некој ќе прозбори на таа тема,одма е антиваксер и се напаѓа со дрва и камења.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Знаете каква е воопшто процедурата за носење било каков нов лек (ама вистински лек, не таму некој нерегулиран, тралала суплемент или хомеопатска органска вода) на пазарот, не па вакцина?

--

Значи.. Неповрзано. Вистината е апсолутна работа. Или нешто е вистинито, или не е.

Мене ми е многу, многу криво што живееме во време на квази-наука. Во 21-век, кога треба да се стремиме кон вистински вредности и вистини, ние се „враќаме назад“ со глупавата премиса за „старите добри времиња“, и се наметнува страв од наука, страв од технологија, страв од „неприродното“. Се наметнува квази-наука, се популаризираат хомеопати, овакви-сили-онакви-сили и им се дава глас и говорница на шарлатани, докажани преваранти и продавачи на разно-разни приказни.

Јас сум многу поподготвен да верувам на некој што студирал медицина/генетика/биологија/итн и што се занимава со тоа поле, чија што работа е подложна на peer review и потврдување и-репотврдување (aka, научен процес) отколку на некој што читал многу на интернет. Таква една „нутриционистка“ што „читала многу на интернет“ носи на душа мој познаник. Нејсе.

Да функционираше, алтернативната медицина ќе се викаше - медицина.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Од многу мудрувања, многу помодрувања.
Ова го кажувам како против медицината така и против алтернативата.

Немам против тезата на класниот но никој не може да ме разубеди во мегаломанството и профитерството на медицината и фармацијата.

Мојата теза е дека ние пооддамна сме спремни за назад во планината.
Напредокот ни наштети многу ако го земеме во предвид животниот век, здравјето и колку еден човек е во 100% здрава психо-физички состојба да би можел да го квалитетно исконзумира квалитетниот живот кој ни го донесе еволуцијата и технолошкиот напредок.

Нема да навлегувам понатаму од причина што се е ствар на ставови и личен избор кој како сака да живее.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Во 21-век, кога треба да се стремиме кон вистински вредности и вистини, 
Кои се тие "вистински вредности и вистини"?
Веруваш дека постојат некаде или посебно кај нас?
Зошто мислиш дека не се стремиме кон вистински вредности и вистини?

Се наметнува страв од наука, страв од технологија, страв од „неприродното.
Што мислиш, од каде е стравот?

Јас пре би рекол дека се е ствар на равенки како да ни се сервира или продаде / наметне нешто него ли дека некој пласира вистински вредности да би ги конзумирале ние.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34295
  • Таков е животот... јебига
Вистината е апсолутна работа.

Не мора да значи, зависи од кој аспект се набљудува.
Ако речеш 2+2=4 тоа е вистина и може да се каже дека е апсолутна вистина зошто сите аспекти се видливи, мерливи и повторливи.
Ако речеш универзумот настанал од Биг Бенг наспроти Господ дека го создал за неколку дена, тоа е вистина.... ааааама далеку од апсолутна. Зошто? Затоа што моментално познатите факти набедуваат до тој заклучок. Точно и вистина е дека универзумот настанал од Биг бенг но многу други работи остануваат непознати и не смееме да бидеме дрски и да кажеме дека таа вистина е апсолутна додека не се расветлат сите фактори и делови од равенката.

Дали вакцините се корисни? Да, корисни се и таа вистина е апсолутна. Но ако се праша дали !!некои!! вакцини се безбедни и да се тврди дека тоа е така и дека е апсолутна вистина е ондак мало морген. Тоа е далеку од апсолутна вистина зошто многу работи се мутни во врска со тоа.

Она што се дискутира е статистика, нема никаква врска со некоја нутриционистка, да не нишаниме накај Белград со надеж дека ќе го погодиме Каиро.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224




Во 21-век, кога треба да се стремиме кон вистински вредности и вистини, 





Profit, bitch.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Каде е Insurance и зошто не е на прво место!?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
^^
Toa e рекет одделот на банкарите.
Не мора да биде одделно листан.



(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Во 21-век, кога треба да се стремиме кон вистински вредности и вистини, 


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Profit, bitch.

Неее... Сакаш да кажеш дека не е СЕ чисто таму каде се вртат многу/најмногу пари?
Ти мора да си некој „теоретичар на заговори“ кој се лета по „квази-наука“... Ц ц ц, наместо слепо да веруваш на естабилшментот, до каде стигна светов. :-X

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Од многу мудрувања, многу помодрувања.
Ова го кажувам како против медицината така и против алтернативата.

Немам против тезата на класниот но никој не може да ме разубеди во мегаломанството и профитерството на медицината и фармацијата.

Не можеш да кажуваш нешто против медицината. Можеш да кажуваш нешто против медицинската индустрија.

Не мора да значи, зависи од кој аспект се набљудува.

Не, не се согласувам. Вистината е апсолутна работа, во контекст на тоа дали нешто е вистинито или не. Тоа што нешто не познаваме доволно за да ја знаеме апсолутната вистина, не ја прави вистината околу тоа нешто (што не го познаваме доволно во моментов, но можеби ќе го познаваме во иднина) различна.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Profit, bitch.

Јас стварно не гледам зошто една индустрија, било која, или било кој бизнис не треба да прави профит. Да, профитот мотивира негативно, меѓутоа мотивира и позитивно. Ова се веќе други дискусии.


Неее... Сакаш да кажеш дека не е СЕ чисто таму каде се вртат многу/најмногу пари?
Ти мора да си некој „теоретичар на заговори“ кој се лета по „квази-наука“... Ц ц ц, наместо слепо да веруваш на естабилшментот, до каде стигна светов. :-X


Секако дека не е сè чисто. Но тоа што знам дека не е сè чисто нема да ме бутне гз-преку-глава кај некој што дрнда на ваздушната гитара на медицината да ме лечи со водички кои имаат меморија.

------

Субјективно, јас го гледам следниот еволутивен чекор на човештвото низ призма на технологија. Односно, за да надминеме неколку работи кои нè кочат треба да се случат две работи - првата работа е пристап до бесплатна (или многу многу евтина) неограничена енергија, а втората работа е напушање на религијата како концепт и како пранга.

Знам дека гледам идеалистички на работите. За многу од тоа е крив Gene Roddenberry, односно Стар Трек.

------

Едит: За да се вратам на темата. Јас верувам на вакцини. Верувам на доктори, верувам на научници. Верувам на луѓе кои потрошиле години и години од својот живот за да научат нешто и да допринесат за нешто. Не велам дека нема таму корупција - има, како што има секаде. Но ќе им верувам нив многу повеќе него ли на некој што „читал на интернет“. Тоа ми беше поената и со „нутриционистката“ погоре.
« Последно менување: 07 Декември 2017, 12:44:40 pm zeroSignal »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Се додека парите/профитот се основно средство за напредок/мотивација, пиши пропало.

Тргни од локално ниво: Во 9 од 10 случаи oсновен критерум за набавка на лекови по државните болници е НАЈНИСКАТА ЦЕНА на лекот.

Кој го набавил , како го набавил , каде и како е произведен не се прашува бидејќи (цитирам) " со фаворизирање одреден бренд или тип на прозиводство, се повредува начелото на заштита на конкуренција, предвиден во Законот за јавните набавки".



Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
@zeroSignal  Се сложувам но ни ти не можеш да кажеш дека медицината не направила девијантни потези за сметка на профит а на наша штета.

Сепак ќе повторам, се сложувам за терминот - Медицина.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34295
  • Таков е животот... јебига
@zeroSignal  Се сложувам но ни ти не можеш да кажеш дека медицината не направила девијантни потези за сметка на профит а на наша штета.

Сепак ќе повторам, се сложувам за терминот - Медицина.

Медицината е главен алат на идната потреба од регулирање на бројот, квалитетот и дистрибуцијата на жители на планетава. Ме чуди како тоа интелектуалци се прават ќорави, дури и се вознемирувам.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Јас верувам на вакцини. Верувам на доктори, верувам на научници. Верувам на луѓе кои потрошиле години и години од својот живот за да научат нешто и да допринесат за нешто.

Не е проблемот во вакцините. Ниту во медицината. Најмалку во науката и научниците.

Проблемот е во СИСТЕМОТ.
Системот е смислен и направен за да те јебе. Тебе, мене, и сите, а вклучително и научниците. Затоа имаш 1 процент од 1% од сите луѓе на планетава кои се сопственици на над 99% од материјалните богатства. Луѓе кои имаат СЕ, а не работат и не допринесуваат НИШТО. Тој 1 процент (од 1%) не јебе и тебе, и мене, и научниците, и СИТЕ. Сите сме екслоатирани од нив, и тие се тие кои го манипулираат системот. Затоа нема правда, и затоа вистината не е апсолутна туку релативна. Секоја лага повторена доволно пати, станува вистина.

https://www.credit-suisse.com/corporate/en/research/research-institute/global-wealth-report.html




Цитат
Субјективно, јас го гледам следниот еволутивен чекор на човештвото низ призма на технологија. Односно, за да надминеме неколку работи кои нè кочат треба да се случат две работи - првата работа е пристап до бесплатна (или многу многу евтина) неограничена енергија, а втората работа е напушање на религијата како концепт и како пранга.
Toгаш треба да се заинтересираш малку што се случува со сите патентирани новитети во сферата на енергијата, откако ќе бидат искеширани од... Погледни само колку малку (споредбено земено) се инвестира во развој на реактори за нуклеарна фузија, и погледни како и покрај сите новитети фосилните горива остануваат број 1 извор на енергија и ништо друго нема ни двоцифрен број проценти од просечната светска потрошувачка на енергија.



Цитат
Знам дека гледам идеалистички на работите. За многу од тоа е крив Gene Roddenberry, односно Стар Трек.
Наивно, би бил можеби посоодветниот термин. Обиди се со Орвел, многу пореален поглед на светот и иднината. 1984-та, на пример, или Животинската Фарма (ако сакаш нешто полесно).
« Последно менување: 07 Декември 2017, 20:33:08 pm Van »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Не си жив ако не поднавредиш малку, или барем ако не пробаш да се направиш подобар од соговорникот. Заборавив дека не сакам да дискутирам со тебе. Се извинувам.

@zeroSignal  Се сложувам но ни ти не можеш да кажеш дека медицината не направила девијантни потези за сметка на профит а на наша штета.

Сепак ќе повторам, се сложувам за терминот - Медицина.

Абе види... Многу модерни придобивки што ги имаме - како во медицината, така и во многу други работи - имаат не-баш-благородно потекло.
« Последно менување: 07 Декември 2017, 20:49:52 pm zeroSignal »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Пффф... Она као „не сакам да си играм со тебе“. ;)
Всушност не сакаш да дискутираш. Точка. Вообичаено за многу луѓе кога се надвор од зоната на комфорт.

Слично на тебе размислував порано. Затоа кога кажувам наивен, не навредувам никого.

Непријатно е соочувањето со непријатната вистина. Боље да ја игнорираш. Пошто подноставно е да верува во повторуваната приказна „верувам во системот“. Затоа кога некој ќе укаже на нечесниот начин на кој се употребува медицината за правење профит, или дека вакцините се злоупотребуваат за правење профит, обично истиот е обично дочекан на нож (третман „не сакам да дискутирам со тебе“). Пошто заеби факти и заеби вистина.