Срам да им е в Ургентен центар во Клиника.
Пофалба до ургентната амбуланта и интензивна нега на кардиологија. Многу профи, многу спремни. Лајф сејвери.
Може да кажеш што било работата во ургентен па да се испита?
Ја носам мајка ми во раце (сега и мене ме боли кичмата како Џиџи) во ургентен одвај свесна со болки во градите и повраќање. Влагам внатре и ми викаат: Чекајте. А други пациенти нема. Викам какво чекање бе и влегувам веднаш во ординација. Што и е на госпоѓата? Тоа и тоа. Чекајте да прашам. Па пизда ти материна, ќе прашуваш доктор или патолог?
Извинете изгледа како инфаркт ние овде немаме ЕКГ. Како бе викам немате ЕКГ ургентен центар сте. Така немаме. Треба да ја носите во токсикологија таму имаат. Чекајте да измериме притисок. Почнуваат да мерат притисок и не им работи покажувачот за притисок. Пумпа таа љунгата, пумпа ли пумпа, раката ќе и ја прецвика. И викам амори не ти работи покажувачот. Епа расипан е апаратот. Губи ми се од пред очи пичка ти материна, после ќе се вратам по тебе.
Од тука трчање во токликологија, ја закачуваат на ЕКГ и веднаш паника. Таа докторката викна двајца љ, ја товарија на количка и со ТРЧАЊЕ во кардиологија. Викам абе кажете што се случува? Ќе ви кажат на кардиологија. И мене ми се смрзна г во газот. Трчање во кардиологија, уште во влезот кога не видоа трчајќе веднаш отворија врати, спремија ЕКГ, ја снимија, дигна дежурниот доктор веднаш телефон и им се развика: спремајте операциона сала!!
И ја готово, само што не попуштив со нервиве. Веднаш ја однесоа горе, мене не ме пуштија веднаш, после ме викнаа и рекоа АКУТЕН ИНФАРКТ. Ја стабилизираа, ја закачија на апарати и ја ставија на нон стоп набљудување додека спремат коронарографија мислам дека рекоа. Ја снимија и потврдија дека е инфаркт но не е премногу сериозен. Се освести мајка ми, болката и помина во градите и се стабилизира. Уште денес ќе тера под надзор па утре сабајле ќе ја оперираат. Викаат сте дошле на време да ја стабилизираме иначе ќе било кобно. Среќа што тоа и се случи на сред забава со колешките иначе сама дома можеби и немаше да може да ми се јави и да ме викне.
Човек раат да не е. Вчлера сабајлето се бричев а вечерта бев како 3 дена небричен. Ми се скрати живот за цела година. Чоек ни година дена раат да не е.
djidji kako se snaogas so kicmata.Izgleda kaj mene e kopija na tvojata snimka.
Ах како... јас си знам
Нема лек освен операција, ама Туран ме среди да можам колку толку да функционирам и одам на работа. Пијам Остео Би Флекс и тоа е. Не си ја видел мојата последна снимка да видиш што е хорор
Џиџи, провери да не имаш Осми патник или The thing.
