Има една фраза, **** си како точак. Неповрзано со муабетов де.

Нема да дискутирам се што си напишал, пошто немам намера да се замарам. Замарај се ти (со докторката и со Дијареа) а јас само ќе се осврнам само на следново:
Ако е стерична дредината кај што прајш кефир, и габата ќе умре. А и сигурно не ја прајш во вакуум во стерилизирани услови. Земи микроскоп ќе видиш што се нема во кефирот со свои очи.
Ако добро ги разбирам овие криптични мисли... Ма батали тоа, ти веројатно ни сам себе не се разбираш. Гледај вака, симбиотите од културата на кефирот (кои ти во твоето бескрајно разбирање ги нарекуваш „габа“), тие преку процесот на ферментација на кефирот прават средина во која не можат да преживеат патогените организми. Млекото може и директно од крава да се измолзи и без да се стерилизира/пастеризира од него да се направи кефир. За 24 до 48 часа во млекото нема да има ниеден патоген организам, дури и од несварено свежо измолзено млеко. Објаснувањето за ова е во тоа што мајата од кефирот е сложена култура со над 40-тина симбиоти (квасци и лактобактерии). Во мајата веќе ги има милијарди од милијарди вакви пробиотски организми кои имаат голем head start пред било кој патоген организам кој во спротивно би го расипал млекото. Симбиотите од кефирот ќе го ферментираат млекото многу пред патогените организми да можат да направат беља. Понатаму, нуспроизводите од ферментацијата (млечната киселина првенствено) прават непогодно животна околина за патогените организми и таквите набрзо изумираат. Резултатот е фермент, кефир, кој е целосно безбеден за консумација и супербогат со пробиотици (симбиотите од културата се пробиотици) и со витамини како B12 од кои мнозинството луѓе се дефицитарни, а посебно веганите и вегетаријанците.
Не дека ти Бајсикл ќе се обидеш да разбереш што ти објаснувам, но ете можеби некој друг ќе го најде муабетов од интерес.

едит:
пробиотици се организмите што ги имаме во цревата, и ако сакаш да внесиш во организмот мораат да бидат во капсули, така голи не преживувале во желудникот, и во храната ги нема,
До првата запирка е точно, понатму се е неточно. Вистина е дека во желудникот е таква средина да многу од пробиотиците угинуваат, но никако не угинуваат сите. Наједноставен доказ за ова е некој што не косумира редовно ферментирана храна,
кога ќе се напие пар чаши кефир, или кога ќе изеде една чинија домашно ферментиран зеленчук (закиселена зелка, или туршија правена само со сол и вода, или слично), или ќе се напие голема чаша боза... Што се случува тогаш? Да тогаш се дешава дружба со Дијареа, пријателката на Точак, и следи трчање до најблискиот тоалет (или првиот жбун).

Ако во желудникот угунуваат сите пробиотици, што го предизвикува проливот? Во јувата (покрај пробиотици) има само сол и вода.
Мене една од омилените заебанции ми е да понудам чаша јува од закиселена зелка на неупатени пријатели и познаници.

Шегите на страна, научно е докажно дека внесување на пробиотици преку храна е реалност која и ден денес ја практикуваат многу народи кои сеуште се хранат со традиционална кујна. Најпосле да не заборавиме дека порано не постоеле фрижидери и хемиски конзерванси, за чување се преферирала ферментирана храна како многу потрајна и помалку расиплива храна.
пребиотици се храна за пробиотиците, во обичните јогурти ништо од тоа немаш а во баланс јогуртот има (така тврдат) а најдостапни ни се во лукот и кромидот и други зеленчуци не се сеќавам
Пребиотици се друг муабет. Но првенствено рачунај на растителните влакна во секојдневната исхрана како главна храна за пробиотиците во дигестивниот систем. Ние луѓето немаме директен нутриционистички бенефит од растителните влакна, но иститие потребни се за цревната флора. Посредно, здрава цревна флора резултира со здрав организам.
