Автор Тема: Мотори осетливи на плин  (Прочитано 89956 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Мотори осетливи на плин
« на: 14 Март 2012, 13:52:38 pm »
Vo ovaa tema gi izlagam istrazuvanjata na Prins plinskite uredi (koi se smetaat za najkvalitetni) za problemite sto nastanuvaat kaj motorite posle vgraduvanje na plinski ured. Problemite nastanuvaat posle mala kimoletraza (do 100.000km), najcesto se raboti za istroseni sitcovi i ventili.

Цитат: Prins
Based on practical experiences, Prins has compiled a list of vehicles in which problems with valves/valve seats (excessive wear) may occur at a a low mileage (<100,000 km)





Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #1 на: 14 Март 2012, 15:51:42 pm »
Не кажуваат ништо за причините и режимот на употреба како и составот на плинот иусловите на возење...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #2 на: 14 Март 2012, 15:58:52 pm »
Skoro site ponovi motori kaj japoncite se osetlivi na plin. Ima lista i moze da se najde na internet. Koj rovari moze i da ja objavi.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #3 на: 01 Мај 2012, 01:21:18 am »
Кај Мазда 6 треба да додадат и свеќици :)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #4 на: 01 Мај 2012, 09:07:24 am »
Po nekoj alogika svekici na pin ne bi trebalo da se menuvaat pocesto od na benzin zasto plinot e cisto gorivo t.e. 100% sogoruva.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #5 на: 01 Мај 2012, 09:16:36 am »
Oд она што го читав, TFSI моторите со директно вбризгување се ризични за на плин ...
А и скапи за набавка

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #6 на: 01 Мај 2012, 09:24:09 am »
Zatoa rabotat na mesana smesa. Ne na cist plin.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #7 на: 01 Мај 2012, 09:28:36 am »
Plin + benzin pak ima nekoja Ikonomija, pomalku od cist plin no e dobro.

Ima finti so plin + diesel ama i problemi so doziranjeto itn...

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #8 на: 01 Мај 2012, 18:09:25 pm »
Кај TFSI мотори ти треба вбризгување во течна фаза кој ги користи истите инјектори од бензинот и нема да има гајле, кај плински систем со вбризгување во гасна фаза проблемот е што бензинските инјектори може да прегреат и да се сјебат. (затоа секое 4-то вбризгување се прави на бензин за колку толку да се изладат ама тоа не е решение некое).

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #9 на: 01 Мај 2012, 18:18:13 pm »
мојот мотор го нема а имам PRINS значи мирна глава :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #10 на: 01 Мај 2012, 19:28:24 pm »
Интересно е што на десниот крај на табелата пишува и чиви се информациите. :) Дали на Принс или од корисници. Едвај половина се од Принс.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #11 на: 01 Мај 2012, 20:28:49 pm »
Ima testni centri koi se bavat so takvi ispituvanja. Interesno e kolku tie laboratorii rabotat nepristrasno i po kakvi standardi se dobivaat tie informacii. Kakvi metodi na testiranje se koristat ? Toa e mnogu vazno da se znae.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #12 на: 18 Јануари 2013, 17:34:00 pm »
Одлично, нема потреба за нова тема, LP како стар Опелаш и окорели дизелаш ми чита мисли, до душа чекор пред мене е, ама ... ;) ОК, коа веќе се ослободив и ја од обврските ... ај да ја оживееме малце и оваа тема, прво од причина што и мојата кола е на црната листа за накнадно вградување на плински уред, а второ што на пролет, здравје Боже, планирам да се пуштам у авантура и ја, е сеа дали тоа ќе ми биде паметен чекор или грешка или ќе си останам и понатаму на бензин-ќе покаже времето :)
Денес запознав еден Астра фан со 1.6 Z16XER со вграден Lovato Еasy Fast, без капалка (адитив за ладење на вентилите) и поминати 90000 км на плин. Освен неколку палења на чек енџин заради missfire и сиромашна смеса, работи перфектно. Свеќици (Bosch) заменил на 50000 км, а му било препорачано на 60000, свеќиците ми ги покажа беа скоро без централната електрода, што значи дека требало да смени на максимум 40000км или ја лично би ги заменил на 30000км, но секој со свои размислувања нели. Значи најважно е инсталатерот да знае перфектно да ја подеси плинската мапа да ја прати бензинската во сите режими на работа, а за тоа треба познавање и на конкретното ауто, а и комплетниот процес - значи треба пред се да си школуван за тоа, па нормално и накнадни обуки, семинари, искуство и тн.
Од друга страна деновиве имав прилика да се изначитам по форумиве за стотици случаи со изгорени вентили, лежишта на вентили, глава на моторот ... Не се дешава тоа одеднаш, нормално туку после незнам, ај рецимо 40000 км. Некои од нив имале и капалки со Flash Lube. Интересен е фактот што и Irmscher големата тјунинг куќа на Опел накнадно инсталира системи на Опелови возила (Opel преферира Landi Renzo Omegas) и тоа на истите тие кои се на црната листа за вградување и секако дава целосна гаранција на возилото (не само на плинскиот систем) од една година. Секако користат Tunap адитиви во плинот и бензинот и на секои 10000-15000 км кога доаѓаат на сервис им ги менуваат филтрите и тн. Покрај се во Германија има пријавено случаеви со горе наведените проблеми :/. Препораката е да не се вози долго и често на високи вртежи, но дали е тоа решение на проблем или само негово одлагање?
Бензинот за разлика од плинот кој е сув, содржи и адитиви против абење на вентилите и лежиштата, а и согорува на пониска температура од плинот. Со новите секвентни плински уреди од новата петта генерација, проблемите се минимизирани, ако и само ако професионално се изведе калибрацијата на уредот. До колку и кај атмосферските мотори со индиректно вбризгување (како мојот - смесата се прави во усисната грана) е можно да се изведе мешање на смесата со додавање и на одреден процент на бензин, тоа би била идеална комбинација од повеќе аспекти. Бензинот е 10% покалорочен од плинот кој пак има октански број околу 105 зависи од смешата пропан/бутан која варира во зависност од периодот во годината (лето/зима), така да многу е помала шансата да се створи сиромашна смеса која е кобна за моторот. Астра 1.4 Z14XEP има и прилично осетливи бензински дизни кои со вградувањето на плинот се помалку ќе бидат експлоатирани, па доаѓа до нивно запушување и првите проблеми со палење на колата насабајле - сецка, се гаси, трокира... Значи во пресметката освен дополнителниот редовен сервис за плинот, маслото за ладење на вентилите, адитивот за плин, а-тестот, дополнителните трошоци за кредит и каматата за наменски кредит од цирка 11%, незнам сообраќајна нова, замена на боцата по одредено време, прештелување на системот, чистење, евентуални замени на плинските дизни (честа појава ради мрзнење) и тако даље, треба да се инвестира и во квалитетно моторно масло, Ceratec, адитиви за бензин (за стабилизација на бензинот, за чистење на дизните, за намалување на абењето на вентилите) и тн. Се поставува прашањето дали кај овие проблематични мотори е исплатливо да се монтира ваков уред и ако би се исплатил ... кога? Значи да повторам, збориме конкретно за моторите осетливи на плин, не за други кои знам дека без проблем поминуваат преку 100К км. Многу ме интересира дали TSI, GDI, TFSI ... кои се со директно вбризгување ќе бидат дел од оваа дискусија, или нивните проблеми се веќе минато.
Темава е општа со цел на корисниците на коли со вакви мотори да им ја реши дилемата дали да вградат плински систем или не, а ги повикувам тие што веќе имаат вградено плински уред на вакви мотори да ни ги споделат своите искуства. Зборот ми е дека темава пред се е наменета за дискусија на членовите на форумов и би ги замолил фирмите кои се бават со продажба на вакви системи да се воздржат од коментари од аспект на пристрасност да не речам сваки циган хвали свога коња и ќе се забега ОТ. Разбравме дека не постои најдобар плински систем, туку најсовесен и најквалификуван инженер. Секако дека не би дал некому со флаша пиво у рука да ми инсталира бомба у колата :D
 

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #13 на: 18 Јануари 2013, 18:39:05 pm »
Хммм, Џиџи, јас пак од она што го прочитав по хрватските форуми, проблеми често имале 1.6 моторите на плин од мојата и твоја генерација, Opel H...

Значи, се приближувам кон 10 000 km поминати на плин со мојата Astra H GTC 2007, 1.4 82hp...

Глобално ке кажам впечатоци, кај мене се забележува дека возилото е на плин по педалата за гас, другар дури и проба да ми го покрие апаратчето за плин и веднаш му кажав кога е на плин колата, а кога на бензин...
За месец дена откако и ставив плин на Астрата, ми се појави Check Engine сијаличката, и уште истиот ден отидов на дијагностика.
Апаратчето не даде никаков Error Code. Ми беше сугерирано дека е до бензинот, иако, стрикно на Лукоил имав ставано.
За 2 дена повторно ми се појави Check Engine.
Овој пат отидов кај мајсторот за плин. Изврши збогатување на смесата, и до вечерта само по себе се исклучи Check Engine.
Од тогаш немам проблем so Check Engine.

Знае понекогаш кога ке ја запалам колата, на ладен мотор да има нерамна работа на моторот 15-тина секунди, и откако ке притиснам на гас, се смирува на 800rpm... исто така знае понекогаш кога ке ја запалам колата, да не прими гас убаво, ама на втор обид си прима...

Свеќици ставив по каталот кои што се препорачани за мојот мотор.

Деновиве треба да идам да видам со мајсторот, зошто ми рече да поминам кај него кога ке дојдам до 10к...

Имав на првите 2 000 километри проблеми со префрлање на плин, па ке си се врати само на бензин у сред вожња...
Се реши со софтверско подигање на температура на расплињачата, кога да префрла на плин, и да се враќа назад на бензин, освен ако ти рачно не го направиш тоа...

Скоро 7000 километри сум без проблем на плин...
Се работи за Ланди Ренцо со капалки, боца од 39 литри сместена на место на резервно тркало...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Мотори осетливи на плин
« Одговори #14 на: 18 Јануари 2013, 18:42:33 pm »
Може коливе се осетливи на плин, ама новчаникот ми е алергичен на бензин.. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.