Одлично, нема потреба за нова тема, LP како стар Опелаш и окорели дизелаш ми чита мисли, до душа чекор пред мене е, ама ...
ОК, коа веќе се ослободив и ја од обврските ... ај да ја оживееме малце и оваа тема, прво од причина што и мојата кола е на црната листа за накнадно вградување на плински уред, а второ што на пролет, здравје Боже, планирам да се пуштам у авантура и ја, е сеа дали тоа ќе ми биде паметен чекор или грешка или ќе си останам и понатаму на бензин-ќе покаже времето
Денес запознав еден Астра фан со 1.6 Z16XER со вграден Lovato Еasy Fast, без капалка (адитив за ладење на вентилите) и поминати 90000 км на плин. Освен неколку палења на чек енџин заради missfire и сиромашна смеса, работи перфектно. Свеќици (Bosch) заменил на 50000 км, а му било препорачано на 60000, свеќиците ми ги покажа беа скоро без централната електрода, што значи дека требало да смени на максимум 40000км или ја лично би ги заменил на 30000км, но секој со свои размислувања нели. Значи најважно е инсталатерот да знае перфектно да ја подеси плинската мапа да ја прати бензинската во сите режими на работа, а за тоа треба познавање и на конкретното ауто, а и комплетниот процес - значи треба пред се да си школуван за тоа, па нормално и накнадни обуки, семинари, искуство и тн.
Од друга страна деновиве имав прилика да се изначитам по форумиве за стотици случаи со изгорени вентили, лежишта на вентили, глава на моторот ... Не се дешава тоа одеднаш, нормално туку после незнам, ај рецимо 40000 км. Некои од нив имале и капалки со Flash Lube. Интересен е фактот што и Irmscher големата тјунинг куќа на Опел накнадно инсталира системи на Опелови возила (Opel преферира Landi Renzo Omegas) и тоа на истите тие кои се на црната листа за вградување и секако дава целосна гаранција на возилото (не само на плинскиот систем) од една година. Секако користат Tunap адитиви во плинот и бензинот и на секои 10000-15000 км кога доаѓаат на сервис им ги менуваат филтрите и тн. Покрај се во Германија има пријавено случаеви со горе наведените проблеми :/. Препораката е да не се вози долго и често на високи вртежи, но дали е тоа решение на проблем или само негово одлагање?
Бензинот за разлика од плинот кој е сув, содржи и адитиви против абење на вентилите и лежиштата, а и согорува на пониска температура од плинот. Со новите секвентни плински уреди од новата петта генерација, проблемите се минимизирани, ако и само ако професионално се изведе калибрацијата на уредот. До колку и кај атмосферските мотори со индиректно вбризгување (како мојот - смесата се прави во усисната грана) е можно да се изведе мешање на смесата со додавање и на одреден процент на бензин, тоа би била идеална комбинација од повеќе аспекти. Бензинот е 10% покалорочен од плинот кој пак има октански број околу 105 зависи од смешата пропан/бутан која варира во зависност од периодот во годината (лето/зима), така да многу е помала шансата да се створи сиромашна смеса која е кобна за моторот. Астра 1.4 Z14XEP има и прилично осетливи бензински дизни кои со вградувањето на плинот се помалку ќе бидат експлоатирани, па доаѓа до нивно запушување и првите проблеми со палење на колата насабајле - сецка, се гаси, трокира... Значи во пресметката освен дополнителниот редовен сервис за плинот, маслото за ладење на вентилите, адитивот за плин, а-тестот, дополнителните трошоци за кредит и каматата за наменски кредит од цирка 11%, незнам сообраќајна нова, замена на боцата по одредено време, прештелување на системот, чистење, евентуални замени на плинските дизни (честа појава ради мрзнење) и тако даље, треба да се инвестира и во квалитетно моторно масло, Ceratec, адитиви за бензин (за стабилизација на бензинот, за чистење на дизните, за намалување на абењето на вентилите) и тн. Се поставува прашањето дали кај овие проблематични мотори е исплатливо да се монтира ваков уред и ако би се исплатил ... кога? Значи да повторам, збориме конкретно за моторите осетливи на плин, не за други кои знам дека без проблем поминуваат преку 100К км. Многу ме интересира дали TSI, GDI, TFSI ... кои се со директно вбризгување ќе бидат дел од оваа дискусија, или нивните проблеми се веќе минато.
Темава е општа со цел на корисниците на коли со вакви мотори да им ја реши дилемата дали да вградат плински систем или не, а ги повикувам тие што веќе имаат вградено плински уред на вакви мотори да ни ги споделат своите искуства. Зборот ми е дека темава пред се е наменета за дискусија на членовите на форумов и би ги замолил фирмите кои се бават со продажба на вакви системи да се воздржат од коментари од аспект на пристрасност да не речам сваки циган хвали свога коња и ќе се забега ОТ. Разбравме дека не постои најдобар плински систем, туку најсовесен и најквалификуван инженер. Секако дека не би дал некому со флаша пиво у рука да ми инсталира бомба у колата