+ На запад сите кога одиме во 99% од случаевите се однесуваме европски...Паркираме на места за паркинг, не пљукаме, не фрламе отпадоци, не се сељачиме итн...По поминување на границата ете го старото ни се враќа..ЗОШТО?
Се враќам од Франкфурт, преку Виена за Скопје, авионски. Пола од патниците од Германија ида за Скопје, другите линкаат некаде исто преку Виена. Значи истата група луѓе, во Франкфурт стои во линија, чека да го повикаат, не галами, фрла ѓубре во канта. Истото се пофторува во Виена. Е сега истата таа група луѓе се симнува Скопје, се потепува да се пикне преку ред, викање и пцуење на сите страни, што останало хартивчиња од грицки фрлај позади тебе, ни ред ни поредок. ЗОШТО ДЕ? 
Ех, ја имав слично искуство со наши ДИПЛОМАТСКИ претставници кои лично ми идеше да ги задавам ....
На Скопскиот аеродром досега имам слетано преку 20 пати, и НИКОГАШ до сега не ме чекал багажот откако сум поминал пасошка контрола ... Ни на стариот ни на новиот аеродром ...
Истиве овие наши дипломати, иако бев втор во ред за пасош дека секогаш седам понапред во авион, заминаа цела редица, и застанаа до мене, креирајки уште една линија, иако е само еден шалтер пред нас ...
Мавтајки го дипломатскиот пасош на џандаров кој ги првоверуваше пасошите, довикна
- не чека возило надвор ...
Еден постар господин зад мене културно му довикна, и мене ме чека хелихоптерот, ај назад во линија ...
- Ама ние сме дипломати ...
Си мислам, па што ако си дипломат, и да поминеш прв преку пасошка, и онака ке чекаш 20 минути за торби, како што е ред кај нас...
Пак нема да можеш да излезеш прв, а сите те пцујат ....
И тие што треба да ја претставуваат државата на највисоко ниво, не можат да следат основни манири на однесување ...