Дали е тоа така по еввропските земји?
По европските земји јас никаде не видов исчукани врати на колите од насилничко и ненормално отварање на врати...Кај нас секој втор ја залетува вратата на паркин не размислувајќи прво дали ке ја оштети својата или туѓата врата ако лупне...Значи до менталитетот е..
+ На запад сите кога одиме во 99% од случаевите се однесуваме европски...Паркираме на места за паркинг, не пљукаме, не фрламе отпадоци, не се сељачиме итн...По поминување на границата ете го старото ни се враќа..ЗОШТО?
Затоа што таму сите прават така и сите возат така, и ако ти не го правиш истото или не возиш како другите, нема далеку да стигнеш, ќе се стегнеш на првата раскрсница. А кај нас па обратно ако возиш по прописи, или ќе згазиш некој со точак, или ќе ка искршиш колата зошто улиците обавезнбо се копани од страна или па има отворени шахти, па мора да возиш цик цак, е сега замисли ти си возиш во твоја лента а сите други возат како што возат, сите ќе ти свират, и ќе треба да имаш очи и на тилот за да се пазиш да не те учукаат.И на крај, или ако сакаш пола саат после поминување граница ти пука филмот и ти се мешаш во баграта.
Ова го напишав бидејќи пред 15 мин, пушам цигара доле на раскрсницата кај Кузман студентскиот, цела колона чека на ред на семафори и еден фраер или како и да ги викаат таквите во штип се утепа од свирење, ама и мене ми идеше да му речам алооооо престани 2 мин свиреше без престан, бидејќи чекал на црвено замисли. Па колку сакаш биди смирен (еве јас се сметам за многу релакс возач) ќе ти пукне ку..т и ќе збеснеш.А не е еден таков замисли колку ги има и уште колку накурчени од нив возачи има.И го добиваме тоа што го добиваме.
Има начин да се реши тоа до душа, ама дали ке се применува на тие што треба или на други јадни души, тоа е друг муабет.
Не правиме ништо..Затоа и работите се одвиваат овака... Да правевме нешто се ке беше другачие...
А за изјавата што ти ја смениле...Постои суд...Па постојат вештаци итн...Се може да се истера до крај ако се сака..
Само проблемот е зошто мачно , а не едноставно.
Постои суд на кој последен и главен збор има оној кој ја сменил изјавата, ако дојде нели, а ако не тогаш сменетата изјава е последна и најверодостојна на судијата.
Убаво прочитав негде, и без навреда на никој, а за добро на сите. “Спуштајте ги рампите на градов, колку сме, толку сме доста сме“