Да, прескапо е. И повеќе од прескапо. Најпрескапо е.
Кога и каде се побуни за тоа?
Одам во канцеларија во Центар на плоштад и седам по 4 до 10 саати во денот зависно од потребите. Дали е нормално јас да платам 300 денари за паркинг секој ден? Ја оставав колата на Пошта паркингот, сега е затворен и од таму ќе се перат пари. Каде да ја оставам? На глава да си ја качам?
Дали си размислувал за алтернативен превоз? Автобус, велосипед? За автобус ке плаќаш многу помалку, + ако си извадиш месечен билет???...За велосипед ништо нема да плаќаш...Треба да си купиш еден ланец за заклучување...
Колата на глава ли да ја качиш???Па сакаш пред врата да ја паркираш на работа кога одиш? Или те мрзи за попешачиш веќе кога одиш со кола???
Дали си видел како тоа функционира на запад? Каде вработените кои живеат подалеку од централното градско подрачје ги оставаат своите возила и како стигнуваат со алтернативен превоз до работно место?
Паркингот МОРА да има симболична цена. Просечната плата да се потсетиме е 20.000 (со букви:дваесет илјади) денари. Не се понашајте ко да сте во грчка со 1300 евра плата.
Паркингот и има симболична цена...Дали знаеш како се движат цените на паркинзите во строг центар на град некаде по европа?
Не плаќам паркинг. Ќе вртам 3 круга и ќе потрошам 50 денари бензин ама нема да платам за мочан паркинг 100 денари, или недај боже 300. Нема логика. Никаква. Апсолутно никаква. Мислам, резон некаков.
Ова е типичен балканизам, односно најтипична Македонштина...Затоа и јас велам дека никогаш не треба да влеземе во Европа, а и по ова може да се свати зошто нас не нејќат...
Него тоа ни е нивото на свест...
Исподигаа згради со фиктивни паркинг места, и сега треба јас да им го платам паркингот.
И за ова ние сме си криви не ни е крива европа...
Да продолжам со муабетот.
Ебати фирмата во која работиш а не ти обезбедила паркинг место...И на крај краева можеш ако си толку курназ да си платиш месечен билет од 1000 денари за да си ја паркираш колата на паркинг, + сакаш во строг центар...Мало морген...
Мене фирмата ми има обезбедено картички со кои влегувам на паркинг додека сум на службена должност...И тоа не една него повеќе од 10 картички, кои се палќаат на годишно ниво...
Не е се до тебе него има нешто и до газдите на фирмите. Во мојата фирма има обезбедено паркинг за 100 возила иако на работа луѓето доаѓаат со само 30 возила (приватни)...За службените возила си имаме посебен паркинг, и мешањето на паркиралиштата е строго забрането...
На вакво нешто може да размисли и твојот газда, твојата компанија, нели?