Повторно, дискутираш за нешто, а немаш желба да прочиташ или научиш нешто ново. Повторно ќе ти пишам, начинот е ЛОШ, погрешен, тотална аматерска работа. Ова дека по мене е дека јас мислам така, е сосема погрешно толкување. Тоа ти е како да кажеш дека по мене Земјата е округла, ама по други е рамна плоча. Не мислам јас така, туку тоа е факт, кој секој што се разбира малку од тоа како работат мотори со внатрешно согорување во склоп со ECU.
Рејсчипот може да функицонира на СЕКОЈ мотор, дури и на ТСИ, дури и таму да извади некој коњ повеќе, ама ПОГРЕШНО. Не е фората да изгубиш 10кс до 3000рпм, па од 3000-6000 да добиеш 10кс (како примерот со типот на кого во лер фабрички му торши 0.8Л/ч а со рејсчип 1.2Л/ч). Муабетот ми е дека оваа работа функционира ПАРЦИЈАЛНО, во едно подрачје може ќе изгуби, во друго подрачје може и ќе добие, а и кога нешто ке изгуби, тоа може да е -10кс, полоша потрошња, Check Engine, наслаги од гориво на клип, на катализатор, на ДПФ, може да грее повеќе на издув, полоша емисија на издувни гасови (NOx)... се со цел дека МОЖЕБИ ќе се добијат тие 10-20-30кс.
Поентата на секој ремап е колата да добие нова подобрена, испеглана мапа која работи одлично во секој можен режим, без негативни појави кон моторот, освен компонентите кои се погодени од ремапот, а тоа најчесто е само турбината и ништо повеќе.