@yarre фала за одговорот бате. Ми се допаѓа идејата дека не менуваш ништо на фабричкото ecu и можеш да го тргнеш кога сакаш.
Дали го користеше до сега основниот чип или поскапата варијанта?
Основниот беше, ама рачунај основен модел од 2012 година. И тој како таков и во двете возила беше ептен добар. На Јутујб на времето се правеа тестови со исти возила со иста километража, 2 пара возеа од Германија до Шпанија и се менуваа во возењето. Разликата (БМВ 5ка серија дизел) беше како што и пропишуваат при продажба. Пробав Рејсчип и на 1.4 тси мотор (Голф 6) разлика скоро и да не постоеше, но тоа го правдам со лажирањето што го прави Волксваген на овој мотор. 122КС званично а на дино вади 138.
Вчера го монтирав новиот РС изведба, со 3 мода на работа кој можеш мануелно да го менуваш преку смартфон, и за првите впечатоци можам да кажам дека сум пријатно изненаден.
Колега мој го вози на Мазда 6, и кај него разликата е драматична.
Интересно е што во Германија е рекомендед и за VW групација а од лани и на Опел и Мазда.