Не бе, ќе се замрам да ја вадам. Ќе ја остаам да свети и за брзо ќе прегори. На времето еден другар на имаше Југце и цело време му беше на резерва, со допуна од 100-че, 200-ле. И така од преработеност му рикнала сијаличката за резерва па му се деси да го остаи на пат. Едно цело попладне изгубија со татко му за да откријат дека всушност снемало гориво. 
Може и такој-што би рекле кумановци.

Но може на таблата и да не е сијаличка, туку лед диода, па ќе се изначекаш да цркне.Има досетливи ја покриваат со црн силикон, а има и постручни, ја кршат со клешта(скап им е леткум).
Имам предлог, да се откачи задната сонда од конектор и да се вози колата, доколку нема ограничуванје на перфомансите, тогаш може да се експериментира со стабилизација на напон од 0,45 в.