@Stratro
Оддличен е сајтот. Написите се многу концизно и јасно напишани и со доволно научни поткрепи за да може да ги свати обичен образован смртник. Најдов бар 5-6 теми кои многу ме итнереисраат, а една од нив е за должината на цевката на филтерот за ваздух. Во моментов спремам изолирана кутија за K&N печурката и меѓудругото нова алуминиумска цевка за таа намена.
Патем на сликата која си ја дал погоре во твојот пост е прикажан типичен придушен лонец за класично возило. Кај него протокот е осакатен, но затоа е осакатен и звукот. Високо-пропусните издуви, колку што разбрав од пишаното ги немаат тие комори и всушност се такви мрежести црева или цефки со дупки, изолација (стаклена волна или камена волна) затворени во друга цефка (кејсинг).
http://auto.howstuffworks.com/muffler5.htmГи имам гледано на слики, па онака си предпоставувам дека оној од сликата погоре изглеа нешто слично ко на цртежот. Секако дека може да изгледа многу поинаку и да е со друг дизајн.
Меѓудругото прочитав и како се придушува звукот во придушните лонци. Таа логика на спротивно насочени бранови со слична амплитуда и иста фреквенција важи насекаде во природата, почнувајќи од бранови на море па се до електро-магнетни бранови.