Ја имам таа чест да направам сефте на подфорумов.
Во принцип сум задоволен од перформансите на моето возило, посебно во споредба со она кое го имав претходно. Но, по природа сакам да го извадам максимумот од предметите кои ги поседувам. Всушност, најконкретно на компјутерите кои ми се хоби, ги "тјунирам" (оверклокувам, волтмодувам, менувам ладење и слично) на хардверските компоненти во последниве 15 години.
Значи, чисто од ентузијастички побуди, ме интересира какви едноставни и исплатливи зафати можат да се направат на моторот кој го има во моето возило.
Моторот има зафатнина од 1798cc, DOHC 16v 88kW @5500RPM, 167NM @4300RPM. Округло би сакал да го појачам за 20% во просек од целиот работен опсег. Со чип тјунинг ќе се добијат околу 8-9% во просек, со K&N уште 1-2%. Тоа во превод е околу 400 евра за 10% подобрување што во принцип не е ефтино за таа придобивка.
Дали постои поисплатлива опција за таа сума на пари?
Дали може да се стави друг мотор без да треба да се менува преносот, менувачот и другите делови?
Или еднставно, не се исплати било каква модификација на мојата машина и треба да си ја возам таква каква што е?