Дечки, на сета желба и ентузијазам, за жал со ремапот не ги добив очекуваните резултати, т.е не добив ништо во меѓузабрзувањата. При нормално возење сеуште го имам чувство дека колата е пожива и сите тие работи кои ги напишав претходно. Можеби е тоа субјективна перцепција поради агресивниот начин на кој ја возев...Можеби навистина има забележително подобрување кога ја возам под мала или средна гас...Но кога ќе притиснам на педалата до крај бројките од 20-те видеа (во релативно истите услови) кои ги направив се идентични, пред и потоа.
Без разлика на резултатите, кои ме оставија некако рамнодушен, сепак ова е едно интересно искуство. На крајот, како што напишав, сето ова го правам од ентузијазам, не од некоја реална потреба.
ЕДИТ: И уште нешто, да не звучи моево искуство демотивирачко за останатите. Резултатите кај моето возило немаат врска со резултатите кои ќе се постигнат кај други возила. Секое возило е индивидуален случај, некаде ќе се добие повеќе, негде помалку.
@Зоран
Kога веќе те имаме на темава може да чуеме и твое мислење околу тоа што друго би направил на моето возило за да се зголемат перформансите така што ќе се намалат времињата на меѓузабрзување. Печурката K&N, која кај и да е ќе пристигне, сама по себе нема да е доволна. Издувот останува отворена опција, со своите минуси (не сакам колата да брмчи). Што друго би чепнал од моторот за му придодадеш некој коњ во средни вртежи (2000-4000)?