Трокалот се во Бугарија во Роллпласт, со налепница и сертификат дека се е оргинал. Тоа највише ми мати ...
фабриката во Бг не е за потценување, сигурно е една од подобрите и со технологија и со начин на работа на балканот, во Мк таква технологија-машини немаме.
Убаво кажано. Знам за фабриката во БГ мој другар работеше таму и ми има кажувано и како се работи и каков е газдата (мислам дека е германец) се работи по стандари и проверка на квалитет за секој производ. Профилите и стаклата директно се увезуваат од бг и секое профилче и стакленце си има налепница, декларација, сериски број, вградени метални профили, тежина...
А кај нас во мк еве како што гледаме такви фраери ќе ти стават лепенка саламандер/рехау или ќе ти увезат некој Џ профил со таква лепенка и ќе ти наплатат дебело за да фантазираш дека си добил екстра квалитет.
Кај мене баш тоа што знаев за фабриката во бг беше и една од причинате да одберам трокал наместо "квалитетни" профили од локални производители. Другата причина беше достапната цена која беше слична со локалните италијански, белгиски, германски профили... Саламандерот ми беше за нијанса поскап, а рехау ептен поскап.
Друго битно е што добиваш ПИСМЕНА гаранција 10 год профил и по 5 на оков и стакло. Кај сите други локални фирми за ПВЦ што прашував за гаранција сите беа како "абе тука сме немај гајле за гаранција". Јас штом слушнам таков коментар едноставно ја отпишувам таа фирма.
Па за квалитетот времето ќе покаже.