Дечки квалитетен ламинат VS трослоен паркет,и препорачајте фирми и марки на истите.
Јас купив Eger од Мега (во Кисела Вода продавницата), солиден избор на дезени, и солиден попуст дадоа па најдобра понуда испадна. Инаку други продавници има многу, таа кај последна 24-ка беше со ОК цени, во Влае нешто поскапи беа Лав, бев и во неколку продавници на другиот крај на Скопје ама понудата е мање више слична и по цени и по роба.
Ламинат = поевтина цена, поевтин на местење (и лесен, една соба сам си наместив, од кеиф), освен чистење нема друго одржување, но заебано неотпорен на вода, било какво истурање течност мора ВЕДНАШ да се исчисти.
Паркет = поскап, поскапо местење плус мора навистина добар да биде мајсторот и лакерот, на неколку години мора да се прелакира, што малтене значи вадење се од дома (или барем селење од соба во соба), истото би важело и за менување ламинат ама ламинат менуваш по желба или заради оштетување што значи дека ламинатот најверојатно нема да го пипаш долго време.
Од естетски аспект, зависи од твоите желби и вкусови. Паркет изгледа убаво во доста варијанти на дизајн на станот. Но и ламинат воопшто не изгледа лошо, а има безброј дезени со најразличен изглед, од све и свашта до интересни дрвени шари.