Ова што се гледа е целосно цоклето почнувајки од темелот. Од каде што почнува земјата надолу е темелот. Сега почнав да копам надолу под темелот. И едно што нема никаква изолација па и бетонот на цоклето е ептен посен, да не речам само песок...
Нешто слична ситуација беше и кај мене кога правев дренажа со тоа што подрумот, кој е целосно вкопан во земја, бил ѕидан на времето со камен и кал. Бетон никаде.
Ископај во длабочина до самиот темел. Избетонирај бетонско платно со дебелина од 15см, армирано со 6-ка мрежа или 8-ца, прицврстена за самиот ѕид, во висина едно 70-80см од земја, не од темелите туку од земја за да добиеш цокле. При бетонирањето обавезно користи хидромал изолација во пропишана количина, не мајсторите како ќе ти кажат туку како пишува на упатството. После тоа обложи го платното со онаа пластична фолија за хидроизолација, Тефонд мислам дека се викаше. Да почнеш од тие 70-80см во висина па надолу по ѕидот до темелот, па врз самата земја на ниво на темелот и од другата страна да излезе на ниво на земјата. Врз неа стави шљунак 4-ка и на едно 20см на ниво под земјата стави песок единица 10см и врз него бетон 10см и ќе дојдеш на ниво на земјата, т.е на нула.