Почнав со реновирање и бетонирање на подрум-гаража.
Ситуацијата е следнава



Влага многу, изолација никаква.
Ѕидовите ги излупив до гола тула се до кај што имаше влага и малку повеќе. Ќе се малтерисува на ново со убав мрсен бетон.
Но пред тоа.
Прво и најважно што сакам сега да направам е да го заштитам колку толку цоклето од влага и да му направам дренажа и вентилација.
Ќе поткопам покрај темелите внатре во гаражата секаде покрај ѕидот и ќе ставам широка цевка избушена за да има вентилација да се суши влагата цело време. КОја што ќе излегува надвор од двата краја. И врз тоа ќе се бетонира(сега е земја не е бетонирано).
За бетонирањето дали да ставам најлон одоздола?
Кажете ми било каква идеја, предлог, совет што би било најдобро колку толку да заштитам за од влагата?
И малку ќе подкопам одоздола целосно за да дојде повисоко бидејки ниско е сега.