Дечки, ја заградив терасата со прозори, и сега ми треба некој лимар да ми направи окапници од надвор.
Кажете или дајте број од некој кој нема да ме одјебе бидејќи малку работа е, па не секој се нафаќа.
Многу тешко ке најдеш мајстор за таква работа, а и да дојде ке ти наплати поскапо.
Затоа што за твојот еден окапник ке треба да оди два пати до лимарниците, + два пати до кај тебе.
Мајстор за излегување на терен обично зема 300 денари, кога ти доаѓа со кола, значи 1200 од старт ке ти ги урачуна, плус ако се само два плеха 800 денари работна рака + материјалот.
Тоа ке те чини одприлике по моја груба проценка околу 2500 - 3000 денари за два окапника од по метар.
Ке речеш многу е, ама за ситна работа толку излегува.
За два окапника од метар му треба околу квадрат лим. (по претпоставка). Квадрат лим е 350 денари, за двата окапника ке отиде толку.
Ако прозорот е метар 1,2 или 1,4 метра, одма цената се накачува пута два. Односно ајде нека не е пута два нека е еден ипол...
Да не бев повреден сигурно ке ти завршев работа јас, ама неможам да излегувам од дома наредни 2 месеци.
Ако не успееш да најдеш мајстор, ондак ке ти помогнам како да си ги направиш сам, нарачаш окапниците, ако те бива малку со штрафцигер ке ги решиш без проблем.

Поздрав.
@Simo - Carrier159 истото важи и за тебе.