Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1588297 пати)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5595 на: 11 Јули 2017, 20:56:26 pm »
Пожелно е и со хидромал флекс да измачкаш во предел на туш кабина/када.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5596 на: 11 Јули 2017, 21:33:17 pm »
Пожелно е и со хидромал флекс да измачкаш во предел на туш кабина/када.
Апсолутно. И терасите исто.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5597 на: 13 Јули 2017, 22:08:31 pm »
Почнав со реновирање и бетонирање на подрум-гаража.
Ситуацијата е следнава



Влага многу, изолација никаква.
Ѕидовите ги излупив до гола тула се до кај што имаше влага и малку повеќе. Ќе се малтерисува на ново со убав мрсен бетон.
Но пред тоа.
Прво и најважно што сакам сега да направам е да го заштитам колку толку цоклето од влага и да му направам дренажа и вентилација.
Ќе поткопам покрај темелите внатре во гаражата секаде покрај ѕидот и ќе ставам широка цевка избушена за да има вентилација да се суши влагата цело време. КОја што ќе излегува надвор од двата краја. И врз тоа ќе се бетонира(сега е земја не е бетонирано).
За бетонирањето дали да ставам најлон одоздола?

Кажете ми било каква идеја, предлог, совет што би било најдобро колку толку да заштитам за од влагата?
И малку ќе подкопам одоздола целосно за да дојде повисоко бидејки ниско е сега.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5598 на: 13 Јули 2017, 23:09:30 pm »
Влага се решава надворешно од објектот,со дренажа,гума заштитна,речни камења и сл...И покрај сите работи ако местото е такво,пак ке јавува малку влага али па нема да биди многу.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5599 на: 14 Јули 2017, 00:03:24 am »
slikite odpoodaleku fotnigi da se razbereme tocno za sto zboris, jaspa odnadvor toa go zboris te razbrav...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5600 на: 14 Јули 2017, 09:34:56 am »
Ова ми личи на rising damp. Не е од надвор, туку одоздола. https://www.google.com/search?q=rising+damp&safe=off&rlz=1C1GCEA_enMK751MK752&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=0ahUKEwj-yoGUnojVAhUHVRQKHWg7BxAQ_AUIBigB&biw=1920&bih=950



Зависно од локацијата ќе треба да се види да се каналира влагата некако кон надвор на висина од ~20цм.

А од внатрешна страна да се изолира со хидромал флекс во висина од ~50цм.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5601 на: 14 Јули 2017, 09:40:20 am »
WTF???

Го има кај нас во некоја варијанта ова?

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5602 на: 14 Јули 2017, 10:06:25 am »
Ќе правам и од надвор дренажа и плус тоа со бушењето може.
А што е тоа хидромал флекс за внатре?

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5603 на: 18 Јули 2017, 15:27:36 pm »
Дечки, дајте некој мајстор да стругне и офарба дрвени прозори. Треба да биде хитен и ефтин.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5604 на: 19 Јули 2017, 20:11:45 pm »
Ќе правам и од надвор дренажа и плус тоа со бушењето може.
А што е тоа хидромал флекс за внатре?
http://ading.com.mk/Product/HIDROMAL_FLEKS_En.aspx

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5605 на: 20 Јули 2017, 13:54:36 pm »
@Deno дренажа ако не ти е песоклива доле земјата нема да ти помогне многу ако планираш да ти понира водата, ако си на повисоко и можеш да ја изнесеш надвор тогаш прави. Како што те разбрав ова ти е подрум од куќа? Влагата ти се создава од надвор ти тече по ѕидовите надоле и во темелите, најубаво е да ископаш околу куќа и да ставиш терпапир околу до темелите доле ако веќе немаш па кај што си ископал да не ја враќаш земјата туку песок со покрупен камен одозгора, па избетонирај си стаза околу куќата, така нема да имаш мака. Кога ќе избетонираш внатре на целиот под, хидромал флекс, ма да и немаш потреба на подот, влагата најчесто бега по ѕидовите. Од ѕидовите гледам си го тргнал малтерот, сега измачкај хидромал флекс и у-врска, а место нив можеш и син камен ја убива влагата, па удри грубо и фино малтерисување и си го решил проблемот.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5606 на: 20 Јули 2017, 14:32:42 pm »
Дечки, ја заградив терасата со прозори, и сега ми треба некој лимар да ми направи окапници од надвор.
Кажете или дајте број од некој кој нема да ме одјебе бидејќи малку работа е, па не секој се нафаќа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5607 на: 20 Јули 2017, 15:12:49 pm »
И нека сподели тука, пошто и јас имам птореба од лимар за (скоро) ич работа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5608 на: 20 Јули 2017, 15:35:09 pm »
Имам одличен лимар кој ќе работи кај мене дома за викендот а преку недела е во Скопје. Ќе го прашам дали ќе сака да заврши работа пошто човекот работи претежно на големи објекти.

Едит: Ништо од бизнисот. Човекот Недела заминува на одмор а после одморот е премногу зафатен. Изгледа и кај  мене работата ќе остане после одморот.
« Последно менување: 20 Јули 2017, 18:12:03 pm Дибидус »
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5609 на: 20 Јули 2017, 23:01:21 pm »
@Deno дренажа ако не ти е песоклива доле земјата нема да ти помогне многу ако планираш да ти понира водата, ако си на повисоко и можеш да ја изнесеш надвор тогаш прави. Како што те разбрав ова ти е подрум од куќа? Влагата ти се создава од надвор ти тече по ѕидовите надоле и во темелите, најубаво е да ископаш околу куќа и да ставиш терпапир околу до темелите доле ако веќе немаш па кај што си ископал да не ја враќаш земјата туку песок со покрупен камен одозгора, па избетонирај си стаза околу куќата, така нема да имаш мака. Кога ќе избетонираш внатре на целиот под, хидромал флекс, ма да и немаш потреба на подот, влагата најчесто бега по ѕидовите. Од ѕидовите гледам си го тргнал малтерот, сега измачкај хидромал флекс и у-врска, а место нив можеш и син камен ја убива влагата, па удри грубо и фино малтерисување и си го решил проблемот.
Бидна работа веќе.
Ѕидовите се малтерисаа одново грубо и фино, не мачкав никакви течности пред да се малтерисува бидејки мајсторот ми кажа дека џабе ќе е, само ќе ги загушиме ѕидовите. Кога одоздола темелите не се изолирани влага секако ќе си примаат и ќе почне да се качува понагоре.
Тоа што сакав да направам и го направив, е некаква си дренажа одвнатре на темелите. Поткопав и ставив избушени цевки покрај темелите поврзани во форма на У буквата и двата краја ги извадив нанадвор, со што цело време ќе има струење на воздух со што колку толку по мое мислење ќе се суши влажноста која доаѓа одоздоле.
Врз цевките ставив тројка камења песок, потоа најлон врз цел под и одозгора бетонирање.


Следно ми е правење дренажа однадвор околу цела куќа, и би сакал ваши совети како најдобро да ја направам?

И предложете ми некоја врата замена за оваа, која ќе има добра топлинска изолација. И сакам да се отвара целосно за да може да влегува кола и одоздола да биде без профил.