Прилично доста квадратура, 40 квадрати со 10 цм дебелина.
Би требало помеѓу 15-20 вреки цемент да ти завршат работа. Секако зависи од соодносот на песок/цемент. Ако ставаш две лопати песок, една цемент, посекако ке иде повеке цемент, ама ке биде и појак бетонот. Али не е страшно и три лопати песок, една лопата цемент, над овој сооднос веке ке биде слаб крајниот бетон.
Земи 15 вреки, па ако треба ке докупиш.
ЕДИТ: Па и не го прави 10 цм дебело, доста ти е 5 цм дебелина, и купи арматура, сооднос три лопати песок, една цемент и ке биде доволно.
10 цм дебелина е веќе плоча што се става на куќи, ти за една кола од 800 кг, нема потреба да ја правиш 10 цм дебела. Израмни ја површината и убаво натапкај ја пред бетонирање и 5 цм дебелина со арматура ке ти биде доволно.