Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1591978 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5205
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5325 на: 19 Декември 2016, 20:48:36 pm »
Е да има такви бисери кај нас една госпожа ја имаше затворено бидејќи нели тамо можела да го искористи просторот...

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5326 на: 19 Декември 2016, 20:50:15 pm »
ако добро знам,тоа казниво дело е,не дај боже некој да го направил тоа.Мада мислам дека не е тоа случај кај нас у зграда,скоро секоја вертикала го има проблемот.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5327 на: 19 Декември 2016, 21:04:25 pm »
Вака од прилика изгледа еден канал во зграда за вентилација/оџак.



Една вертикала има 2-3 канали внатре. Еден канал е за приклучок, друг е кој оди до кров.
Треба да се види каков канал имат ставено во зградата и каде се приклучени комшиите.

Во случајот на ficomk нека провери комшиите дали се приклучени каде што му е место за приклучување или кај што им текнало.
Имав јас ваква дешавка во еден стан. Тие под мене измислувале топла вода и си направиле нов приклучот за камин. Ама тие мислат како на селска куќа, оџакот е дупка. Кај мене почна да чади од касата на вратата. Ќе се задушевме дома.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5328 на: 19 Декември 2016, 21:11:09 pm »
никој од станарите не менувал ништо,како е во изградба направено така е.Дали е така изведено,како што е на сликата,ич не ми е заверување.
Зградата е нова,околу 3-4 години како е пуштена,и од тогаш се проблемиве,пријавени,правеа нешто отвараа отвори доле зашто ги имаа затворено од што се писмени,ама пак си смрди.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5329 на: 20 Декември 2016, 02:02:44 am »
Осмица тоа е правило за изведба на оџак за вентилација не верувам дека се придржуваат до тоа ма да така би било правилно . Ficomk јас изведувам вентилации особено од лим бидејќи лимар работам, како е точно во зградата кај вас не знам ама од искуство ќе ти кажам две работи. ПОД БР 1. Проверите дали воопшто вентилацијата е изведена над кровот и колку е над кровот бидејќи треба барем еден метар да е над највисоката точка од кровот за непречено да си влечи ние што викаме "цуг"да има, на многу места имам видено  оставени вентилации и непродолжени над кровот. ПОД БР 2. ако е се во ред со ова горе што ви спомнав тогаш соберете се комшиите и земете еден вентилатор кој ќе го ставите горе на самиот завршеток на вентилацијата (овие се специјални за вентилации како во ресторани и кафитерии и воедно поскапи) тој се поврзува до секој стан да може да го команда кога готви да го уклучи и наместо како сега аспираторот да го исфрла нагоре мирисот од готвењето тој ќе го вшмукува мирисот, сега вие имате ситуација кога аспираторот на комшијата работи и тој пржи нешто го втерува на пат нагоре мирисот и кај тебе и кај комшијата над тебе и така последователно нагоре освен ако и тебе не ти е уклучен па да ствара отпор да не влезе мирисот(чиста среќа).......Додека со овој вентилатор што се става горе тој вшмукува и нема да си сметате макар и сите во исто време да пржите нешто ......Ако не бев доволно јасен прашај што те интересира .....инаку и тие што ги спомна од грчка што ги носат исто се ставаат најгоре на вентилацијата и сличен ефект даваат можете и со тоа првен да пробате поефтина варијанта е од вентилатор само што ќе функционира кога ќе има ветер во спротивно нема што да го врти .....
« Последно менување: 20 Декември 2016, 02:07:48 am Kozanostra »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5330 на: 20 Декември 2016, 06:34:45 am »
Дали е клучно за добро да функционира вентилацијата,во подрум да има отвор на вертикалата па самата разлика во притисоци во подрум и горе на кров да го носи воздухот нагоре?Зашто ако е ова клучно,мораме тоа прво да се осигураме дека е во ред,иако отвараа од инвеститорот,ама кој ги знае дали направиле ко што треба.Горе на кров се немам качено,но не би требало да е некој голем проблем да се продолжи вентилацијата да биде над 1 метар над највисоката точка на кровот(веројатно наставак и тоа е тоа).Е сега околу вентилаторите.Што значи тоа поскапи,за која сума станува збор?Дали тој вентилатор ќе влече и доколку нема отвор за вентилација во подрум?Дали се издржливи да работат 16 или повеќе часови на ден?Дали може да работи на соларна енергија?Колку струја троши на час работа?Незнам како би го поврзале секој да може да го вклучува,можеби е подобро да врти цело време?
А за тие лимените „петлиња“,колку би чинело да се постави со се монтажа?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5331 на: 20 Декември 2016, 08:29:40 am »
Вака од прилика изгледа еден канал во зграда за вентилација/оџак.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Една вертикала има 2-3 канали внатре. Еден канал е за приклучок, друг е кој оди до кров.
Треба да се види каков канал имат ставено во зградата и каде се приклучени комшиите.


Ова е единствена и исправна варијанта на изведба на вентилација во зграда. Јас не верувам дека е вака направена. Да е вака направена не би требало во ниеден случај да мириса, освен ако моторот на аспираторот врти обратно, односно влече во обратна насока, или перките се монтирани наопаку.
Но за жал кај нас најчесто вентилација се изработува од пластични цевки, фи100-тка или фи 150-ка и на таа една цевка се закачени сите останати станови.
Еве и во станот каде што ни е фирмата, иако сме најдолу на приземје, кога некој говеше на 3-ти се осеќаше миризба. Аспиратот помагаше, но постојано треба да е вклучен. Заради тоа, бидејќи не се готви во фирма нормално, дупката од аспираторот ја затнав и проблемот го решив, фиктивно се разбира.
Тоа се тие нови градби. :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5332 на: 20 Декември 2016, 09:13:25 am »
Тоа е тоа штедење и незнаење. Пазете какви станови купувате.

Иначе не е овај единствен начин на решавање на вентилација во зграда  ;)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5333 на: 20 Декември 2016, 22:14:06 pm »
Дали е клучно за добро да функционира вентилацијата,во подрум да има отвор на вертикалата па самата разлика во притисоци во подрум и горе на кров да го носи воздухот нагоре?Зашто ако е ова клучно,мораме тоа прво да се осигураме дека е во ред,иако отвараа од инвеститорот,ама кој ги знае дали направиле ко што треба.Горе на кров се немам качено,но не би требало да е некој голем проблем да се продолжи вентилацијата да биде над 1 метар над највисоката точка на кровот(веројатно наставак и тоа е тоа).Е сега околу вентилаторите.Што значи тоа поскапи,за која сума станува збор?Дали тој вентилатор ќе влече и доколку нема отвор за вентилација во подрум?Дали се издржливи да работат 16 или повеќе часови на ден?Дали може да работи на соларна енергија?Колку струја троши на час работа?Незнам како би го поврзале секој да може да го вклучува,можеби е подобро да врти цело време?
А за тие лимените „петлиња“,колку би чинело да се постави со се монтажа?
Доле на вертикалата не треба да има никаков отвор бидејќи ќе прима фалш воздух освен некој отвор ако треба да се чисти ама и тој отвор треба прописно со вратничка да е затворен .....Велам Поскапи вентилатори бидејќи се водоотпорни и квалитетни кои издржуваат и 24 ч работа без проблем цената колку се сеќавам им е 900 еур ама прво видете каков е каналот за вентилација немој да е стварно колку за реда ставена цевка пластична ф 100 или ф-120  е тогаш не ти помага и тој вентилатор бидејќи тие се снажни вентилатори за 25x25 канали предвидени......Сега за сега види ова што ти реков дали на кровот воопшто е изведена вентилацијата и евентуално прво пробајте со овие грчките инох-ни петлиња ставете доста помагаат и тие цената е во зависност од што ФИ е промерот на петлето ги има од стандард  ФИ-120мм па нагоре цената некаде е од 40-50 еур па нагоре за оние што се од ИНОХ изработени а ги имаш и од обичен лим ама не се добри тие .....

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5334 на: 21 Декември 2016, 07:09:19 am »
Скапиве отпаѓаат од игра ради цената,ама и димензиите,пошто канал еден сигурно не е со такви димензии :)
Можда би можеле овие грчките да се направат со моторче на струја,ако не ги прават такви,но постои па ризик да се запали ако не е добро направено.Ги има ли кај нас да се купат поквалитетниве од INOX,или мора до грчка да се иде?
Сега за сега тешко да се качиме на кров,ладно е,ама у прва поволна прилика ќе провериме како е горе изведено.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5335 на: 21 Декември 2016, 11:04:05 am »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5336 на: 21 Декември 2016, 13:48:26 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Види дали имаш прописен оџак за користење на ваков бојлер
http://www.montcogim.hr/HR/prirodni-plin/propisi-za-dimnjake/

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk


Sto mislite za priklucok za na parno?
Plinsko protocno boljerce
Што мислите?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5337 на: 21 Декември 2016, 14:34:17 pm »
a.... a ... so mislite a...  ;D ;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5338 на: 21 Декември 2016, 22:43:56 pm »

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #5339 на: 23 Декември 2016, 13:52:50 pm »
Некој искуство со вакво чудо:
http://metalotehnika.mk/webshop/index.php?route=product/product&path=59&product_id=50
Некако неверојатно звучи

Еве подетално.

http://www.inovativnost.mk/?p=25037
Brains are awesome. I wish everybody had one.