Најдолгата цевка т.е таа најгоре е ладната, а доле е топла.
Се согласувам со другото. 
Еве ја таа стрелка за насоката на течење.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
многу си грешка... и ти и бузуки и кој беше третиот не ми текнува...
да ви каже човек што работи со бојлери:
стручно кажано е “одлив на топла вода од казан“ а нашински кажано е топла вода од бојлерот СЕКОГАШ е од нај горната точка на бојлерот. значи долгата цевка ВО бојлерот е топлата цевка.
“прилив на свежа вода во казан“ односно ладна вода е секогаш доле, нај доле што може да биде, значи кратката цевка е ладната вода. од проста причина, која верувам повеќето сте ја запаметиле, а тоа е дека топлата маса секогаш е полесна од ладната маса, односно топлината (и во кучи и станови) секогаш “бега“ нагоре додека надоле се спушта ладната маса. истото важи и за воздухот, и за водата и дури и кај металот во некои ситуации... значи топлата вода во бојлерот секогаш е горе во него, а ладната е доле во бојлерот. нема логика кратката цевка да биде топла, затоа што со влегување на ладната горе, само ке дојде до мешање пробувајки да ја потисне топлата надоле. тотално обратно од логичното, каде што ладната ке влезе од доле, а топлата ке излезе од горе... значи, ако ти е врзан бојлерот како што ти викаш, тогаш баш топла вода нешто многу, нема ни да видиш. постојано ке биде млака, или само на момент ке осетиш малку топла вода и после тоа пак само млака...
и тоа на сликата што го држиш не е само неповратен вентил туку е и сигурносен кој ке отвори према надвор секогаш кога ке прејде притисокот во бојлерот над 3,5 бари фиксините односно со опција за штеловање се по квалитетните и тие се помеѓу 2,5 и 4 бари. овој на сликава е со штеловање. и како што ти покажува стрелката, го заштрафуваш на кратката цевка, па на него ладната вода. и уште една работа... не го заштрафувајте до крај никогаш. нека останат 1,5 до 2 круга празни. не ретко се случува да неможе да отвори доволно така што пловакот ке ја пиа цевката, и ке добиеш ефект на бојлер што е запушен, т.е. многу малку вода ке тече, недоволно, за разлика од ладната, кога ке ја пуштиш на чешма ке има неколку пати поише...