А што ќе правиш кога водата ќе надмине 90 С? Знаеш дека имаш потенцијална бомба на кров?
Колку го плати апаратчето за лепење пластични цевки?
Верувај ми, нема шанси да надмине повеќе од 50 С. Знаеш колку луѓе познавам што го имаат истото направено и тоа со години па еве немаат никаков проблем.
Затоа и се става тој неповратен вентил, тој избива ако има притисок во бојлерот.
За летните горештини ова е идеално решение.

Машинката ми ја донесе пријател од Германија и ме кошташе околу 120-30е така нешто, не се сеќавам, пред повеќе години ја имам купено.
Еден мајстор ми спомна дека тој неповратниот вентил се ставал на цревото со ладна вода!!! Не знам колку е точно, може и затоа не ти функционира ако го ставаш на топла.
Па на ладна се става, на влезот.
Незнам како без неповратен ќе му држи топла вода :-)
Токму така, вентилот се става на ладната вода, на влезот. Еве види на другиот бојлер каде е наместен.
Ќе го тестирам после дома на тој бојлер на цревото да видам дали пушта вода или друг ќе треба да купувам.

Чекај малку, сеа видов што си пишал. Знаеш воопшто за што служи овој ек вентил?
Се поставува на ладната вода на влезот за да кога ќе снема вода цела линија, водата од бојлерот да не се врати назад, да не ја исцица, да не се испразни бојлерот, како сакаш кажи го.
Затоа и се вика неповратен вентил. И без него ќе држи топла вода, колку за информација.

Инаку беше дефект тој ек вентил па со фискалната се вратив во железарата и ми го заменија без никаков проблем.
Сега го склопив се, па останува да го тестирам како е со топла вода, само да опече ова сонцево.
