Субвенциите за пелети се ретардирана пропаганда за неука раја.
Греењето на пелети теоретски може да биде помал загадувач од греењето со дрва. Но за оваа теорија да стане пракса, потребен е писмен и стручен инсталер на печките/котлите со пелети, кој правилно ќе ја конфигурира електрониката на печката.
Во пракса ова скоро никогаш не се случува, и таквите неподесени печки чадат исто (лошо) како и дрвата.
Печките на пелети не се подесуваат правилно пошто тоа бара и знаење и многу време, има десетици и стотици параметри кои треба да се подесат спрема специфичните услови на корисникот (фи на оџак, должина, усис на оџак, итн). Треба подесување и спрема видот на пелетите. Се секое менување на нови брендови на пелети, потребни се нови подесувања на електрониката.
Така да во пракса, горењето пелети не е ништо подобро од горењето дрва. Само е многу поскапо, и такво ќе биде и покрај субвенциите (кои сите ние ќе ги плаќаме).
до тука ке цитирам... сакам да кажам, ептен си во право...
прво и основно тоа што не го знаат СКОРО СИТЕ луѓе е дека оџакот од котелот-печката на пелети не смее да биде подолг од 3 метри. не дека нема да работи, ќе работи и тогаш, само ке лапа поише пелети, и ке чури многу.. поентата е дека вентилаторот во бренерот што дува, ги издувува и гасовите. ако ти му ја зголемиш должината на оџакот, тогаш вентилаторот нема доволно капацитет да внесува доволна количина на воздух за согорување на пелетите, тогаш и ке нема доволно кислород за да согорат и ке почне да чури, а воедно и драстично повеќе пепел (недоволно согорен материјал-пелети)
решението го има, ама кај нас никој не го носи. јас го имам направено истото заради тестирања некои извесни, и на дрва, и на пелети и на котел на прегорено масло што работи, го тестирав и изгледа вака:


не е лично и убаво, требаше да идам чекор даље и да го фарбам со бои отпорни на температура или да го носам на галванизација некоја, ама е технички исправно и функционира беспрекорно. со оваков уред оџакот на котелот може да се продолжи да биде до 25 метри. и се поврзува со моторот на бренерот од котелот, за да биде синхронириан работењето нивно... палицата дрвена е на сликата за да се види дека нема толку висока температура која би направила штета на нешто што допира до себе.. дрво и слично, бидејки внатре врти и разладува. можда требаше хартија да турам одозгора врз него и да сликам...
второ... пелети котел-печка е исто така захтевна работа како на дрва, со тоа што по ретко полниш и чистиш пепел.
трето. апсолутно си во право за штелувањето на елкетрониките. штелката трае доста долго. скоро пола ден. се следи работењето, се мерат гасовите, температурите и слично.. и тоа кошта помеѓу 1000 денари и 50 евра (зависи од типот на пелет котел-печка)..и секоја промена на бренд т.е. производител, ке треба пак прештелување. (види цена погоре)... наспроти тоа, печките (не котел, туку печка) кошта околу 40.000 денари погоре-подолу, ама тука е цената... и нај големата печка во нај добро изолирана ЕДНА ЦЕЛА ПРОСТОРИЈА може да крепи греење до 60 квадрати.. значи една просторија.. не стан од 60 квадрати со 2-3-4 соби, туку една соба од 60 квадрати. за повеќе, ќе ви треба котел на пелети, радијаторска инсталација итн итн... е тој не чини 40 бона... тој чини од 100 бона па нгоре. нај софистицираните котли на пелети со (верувале или не) сензори за количина на кислород во воздухот, влага во истиот, температура излезна и (уште еднаш верувале или не) ламбда сонда со софтвер за ауто калибрација на дозирање и начин на работење... е тие коштаат од 5К евра па нагоре, само котелот...
со среќа на тие што решиле да исплукаат пари по ова прашање...
п.с. нема шанси да добиеш субвенција, ако не исполнуваш една цела листа со правила и услови.
едит...
еве клип од мене снимен, колку не чури.. ова е КОТЕЛ на пелети, не е печка... и иако типов тврди дека не чури, само додека да запали наводно, до некаде е точно... не чури оволку многу, ама сепак чури.. одговорот е во тоа дека има 5,5 метри оџак, а гледај колку малку изгледа, ама толку е.. 5,5 метри е целиот. оџаците нај често им се доле, на дното од котелот, на некои 20-30 сантими од земја. само до таванот-кривината овде има скоро 3 метри...
