http://www.calculator.net/btu-calculator.htmlЕве од мене пресметка груба:
48 квадрати = 6х8х2.5м
Изолација = 0
Кревање температура 25 степени (при надвор 0)
Вика 14KW минимум топлинска енергија. Без разлика дали е од печка, или дрва, или пелети или клими. Толку треба за да ја држи куќата при 0 степени надвор, внатре околу 25.

Ако се стави најсоновна излоација (рецимо 5цм стиропор, на ѕидови и кров), и се стават најефтини прозори и врати со добро дихтување и непропусливост на теплина пази што вика: 7KW!

Значи од 14KW на 7KW. Без разлика од што иде тоа. Со други зборови, упола сметка за струја, или упола кубици, упола загадување, упола замарање, упола цепање, упола све. И највеќе од се, топли ѕидови, кичма стоплена, и така натаму.
Муабетот не ми е дека треба да се фрла пари и да се прави што све не. Зборувам за најефтини опции.
А најефтината опција за греење е да ја упалиш климата која и онака стои во секој дом, зимно време да грее. Толку! 24h ако треба нека врти, ама нека работи. Ем ќе го меша воздухот, за да не се лепи топлото горе за плафон, а нозете ладни. Ем ќе грее колку-толку, пак 2kw да загрее, за ичпари се 2 дрвца во денот. Или малце помалку струја потребна за котлето, или малку помалку пелети. Не е без ич. Тоа викам. Крај краева барем преку вечер да врти само на ефтина ќе врши работа. 3.5kw (троши 1.3kw), да врти цела вечер по 8часа, на ефтина по 2.5 денари киловат час, тоа ти е 780 денари качена сметка. Ако рецимо ти треба топлина во текот на ноќта.
Тоа е работата со изолацијата. Зошто ти грееш воздух внатре, пак остануваат ѕидовите ладни, и куќата зрачи енергија нанадвор:

Еве како изгледа изолирана куќа во однос на неизолирани.
Башка иако е скапа изолацијата, има и поедноставни решенија. При следното кречење да се стави 5cm стиропор со лепак под него и да се изреди со гипскартон или со лепак и да се исфарба. Немора секаде, само каде што е критично и треба да нема губиток. Рецимо ако ставаш на цела куќа од еден спрат сосе фасада ќе фати 2500еур. Ама ако се направи комромис (секако нема да е исто, ама ќе е колку толку разлика!) и се види на пример само на еден ѕид, некој прост и поголем што нема многу прозори на него, да се стави внатрешан изолација внатре ќе фати некаде 200-300еур. Поготово ако е тој ѕид кај каучите, кај што се седи, со грб каде што си блиску ќе има огромна разлика во пријатноста на седење и во губитокот на топлина. Автоматски во соба од 24 степени ќе ти биде пекол, а порано си греел 25 степени во истата соба а грбот пак така-така ладничко дури.
Затоа викам да се удри на проблемот од сите страни, колку се може. Не да се оди брут форс, фул клима да се става од 50KW и те боли за прозори. Да се види најефтиното решение кое ќе даде највеќе cost/benefit и за себе и за новчаникот и за околината.
Ако јас лично се прашувам би одел по овој редослед.
1. Палење клима што повеќе = 0 денари (или + денари дури)
2. Прозори и врати. Ова е неизбежно ако се лоши, јебига. Трошок е, ама ако дува околу нив - нема што да се прави, џабе грееш. Само можеби не мора сите. Ако е кујната одвоена со ходниче или врата, батали ја за почеток. Или WCто кое и онака немора да е нешто специјално згреано. Спалната битно да е, и дневната главно. Во кујна и така работиш, стоиш се плеткаш. И сам се загреваш. Ама дневната и спалната дремеш и не се грееш сам, и автоматски тука јадеш највеќе за греењето. И тука сметката расте највеќе и кубиците летаат. Пресметка ќе си направи секој засебно колку ќе му фати.
3. Иозлација на ѕидови и кров. Ова е најскапо и ако се средени прозорите, веќе е ред за тоа. Пак ќе речам немора сите ѕидови, фул. Можда како опција да се види само на неколку ѕидови. Дневната кај што се седи со грб позади каучот ако е надворешен ѕид некој од тие. Значи позади седлата. Исто спалната ако некој надворешен ѕид е блиску до креветот. Особено ако е залепен до креветот. Исто пресметка треба секој сам. Квадратура за ѕидот, пута конструкцииче за гипскартон, тервол и гиспкартон и кречење. Или пак лепак, стиропор и пак лепак и кречење. Не би требало да е ова многу голема бројка. И кровот ако се има пристап до него најубаво да се нареди со тервол или стаклена волна или минерална да се стави и да се исполни. Ако се нема пристап тапа е зошто треба гипс да се лепи одоздола, и ептен ќе крене цена. Ама во секој случај треба да се види зошто голем дел од крововите имаат каков-таков пристап за да може да се стави изолација.
Накратко тоа е тоа.