камена волна + тервол
Баче, браво за фидбекот. Документирај го целиот процес колку можеш, ако можеш сними и некое видео. Многу интересно.

Патем, еве нешто друго:
Куќа која целата направена од „пенест бетон“, всушност бетон помешан со пена - со цел да се направат меурчиња воздух кои потоа функционираат како топлотни и звучни изолатори (приметете дека куќата е покрај аеродром).
Нормално, со меурите страда механичката јачина на материјалот - но тоа ваљда се компензира со дебелина на метеријалот и со арматура. Претпоставувам дека овој материјал не служи за изградба на носечките конструкции и темелите.
Мене ми се допадна многу краткото време на изградба, и фактот дека нема потреба од термо-фасада.
Еве како изгледа материјалот (зголемено):
