Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1593003 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4485 на: 19 Декември 2015, 00:41:48 am »
Dew point.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4486 на: 19 Декември 2015, 01:28:13 am »
Ставен нов бојлер и (едит)не повратен вентил, падна притисокот малце. Решение некое има?
« Последно менување: 19 Декември 2015, 01:49:49 am DarthJe5us »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4487 на: 19 Декември 2015, 01:37:41 am »
повратен вентил? нешто мешачки е тој или...?

ако мислеше на НЕповратен сигурносен вентил, што се тура на секој бојлер одоздола на цевките на ладната вода, тогаш во него ти е порблемот... барај друг да земеш... и кога го наштрафувате на цевката НЕ ГО ТЕРАЈ Д КРАЈна навојот, затоа што нај често тука грешат сите, кога ке пипне вентилот и капачето до цевката, не му дозволува да се отоври и да пушта вода како што треба, па епилогот е кога ке пушти топла вода на чешма, како да нема притисок, а ако пуштиш ладна ке си има нормален притисок...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4488 на: 19 Декември 2015, 01:49:36 am »
Не повратен, од мобилен пишував извини. Фала ќе пробаме.

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4489 на: 19 Декември 2015, 03:05:06 am »
Сервис за сименс проточен бојлер?

Ми треба да го однесам греачот да го исчистат бигорот. Има многу мал притисок топла вода, не е чистен греачот 5-10 години па да почнам полека да ги елимнирам можните причинители :)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4490 на: 19 Декември 2015, 12:24:47 pm »
а тие се греат ли? куќе сте?

ако не се греат, ете ти го одговорот.  просториите горе ако се ладни, а долниот спрат се загрева, се дешава кондензација. уште пострашно е ако не се грее постојано... пробај да пуштиш греење 2-3 дена без престан и ке си се исуши... во меѓувреме на пролет, спремај се да лепиш стиропор и на таванот, одвантре секако... ;)

Баш така, тоа е од недоволна изолација бега топлината горе и се ствара кондезација по страните.

Претпоставувам и просторијата не можеш да ја загрееш.


Мора таванот или подот на горната просторија да се изолира.
 

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4491 на: 19 Декември 2015, 17:05:40 pm »
Сервис за сименс проточен бојлер?

Ми треба да го однесам греачот да го исчистат бигорот. Има многу мал притисок топла вода, не е чистен греачот 5-10 години па да почнам полека да ги елимнирам можните причинители :)

во аеродром, карши бисер, позади капитол во стариот дел од трговскипт. дуќанот е на ќош, веднаш до аптеката. било кој тука прашај кај е бурегџилница МАЧЕ... во таа зграда, само на другиот крај. тука и јас го имам носено проточниот бојлер на сервис. само еднаш ми се расипал за деценија и нешто, и тоа беше некое глупон сензорче кое има улога да иаклучимструјата при прегревање... не се скапџии во сервисот..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4492 на: 19 Декември 2015, 17:56:19 pm »

Сервис за сименс проточен бојлер?

Ми треба да го однесам греачот да го исчистат бигорот. Има многу мал притисок топла вода, не е чистен греачот 5-10 години па да почнам полека да ги елимнирам можните причинители :)

во аеродром, карши бисер, позади капитол во стариот дел од трговскипт. дуќанот е на ќош, веднаш до аптеката. било кој тука прашај кај е бурегџилница МАЧЕ... во таа зграда, само на другиот крај. тука и јас го имам носено проточниот бојлер на сервис. само еднаш ми се расипал за деценија и нешто, и тоа беше некое глупон сензорче кое има улога да иаклучимструјата при прегревање... не се скапџии во сервисот..

Абе не е радипан кај мене, само треба од бигор греачот да се исчисти. Ќе го однесам после нова година да се ослободам :)

Фала на инфо

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4493 на: 19 Декември 2015, 17:58:12 pm »
Колку пари е м2 стиропор од 5цм дебелина?

Дали е изводливо да се залепи стиропор на таванот од визбата, за да не биди многу студен подот во собата над визбата. Собата е околу 15 квадрати, а и визбата исто толку. И друга работа, дали ќе треба да се лепи само со лепак или лепак плус типли? Бидејќи ако местам, сакам сам да пробам да го залепам.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4494 на: 19 Декември 2015, 18:09:55 pm »
^^
Koлку степени има во визбата сега?
Прилично е веројатно дека не е под 10 степени, ако е колку толку пристојна дограмата.

Каков е подот во собата над визбата? Пливачки под? Завршниот слој од што е, паркет, ламинат, нешто трето?
Дали куќата има фасада? Ако ѕидовите се ладни, може да го ладат и подот, тогаш џабе ќе ставаш изолација на таванот од визбата. Јас сега баш ставам ламинат, баш денес завршив, под ламинтот имам ставено 5мм подлога/филц, а подот е пливачки (стиропор под кошулицата). Знам и луѓе што имаат ставено стиропор под ламинатот, наместо филц.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4495 на: 19 Декември 2015, 18:29:57 pm »
Во визбата е прилично ладно кога и надвор е ладно бидејќи нема баш добра дограма, а и не е цела визба во земја. Односно во земја е околу 1 метар, на надолнина се наоѓа и во тој дел повеќе е над земја. Сигурно е под 10 степени во визбата кога надвор е околу 0 степени и помалку.

Собата се наоѓа на северна страна и од внатрешна страна на тој ѕид (северен) лани поставив камена волна и гипс картон. Дограмата ја сменив со ПВЦ. Има подобрување од двете работи, но сега подот е многу ладен. На подот има паркет, а под паркетот не знам дали е пливачки или каков е подот.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4496 на: 19 Декември 2015, 18:47:55 pm »
Штом немаш надворешна фасада, ѕидовите на куќата се ладни. Поверојатно е дека бетонскиот под се лади преку ѕидовите, отколку преку визбата.
Да имаше ламинат, опција ќе ти беше да ставиш стиропор под него. Вака со паркетот, не знам...

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4497 на: 19 Декември 2015, 19:06:14 pm »
Во секој случај изолацијата е многу позитивен чекор. Било каде. Па и на кровот од визбата, и на ѕидови и на се. Зависи колку ќе те фати, ама ако е ситно - ставај. Нема зошто да не ставиш.

А изолација на куќата исто е многу важна ставка. Ама и многу скапа.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4498 на: 19 Декември 2015, 19:07:20 pm »
@DejzY
Слободно доколку имаш простор во визбата залепи 5цм стиропор. Ќе почуствуваш разлика. Пред лепење премачкај со подлога и стави барем по две типли на секоја табла.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4499 на: 19 Декември 2015, 19:45:08 pm »
Фала дечки. Како што гледав стиропор 5цм чини околу 150 денари 1м2 што не е скапо. Подлогата и лепакот колку коштаат знаете?

@nekojtamu максимум што можам да ставам е 5цм бидејќи визбата е ниска и нема простор за подебел стиропор.