Цревото од надвор е ребрасто, но внатре е мазно. Не се задржува прљавштина ради тоа што ти го образложи симо.
Инаку ова црево кое го гледаш кај мене е круто и дебело, а тоа ти што го имаш се витка како цевка за сок.
Што се однесува до проточните бојлери.
Првично си купив Ваилант. Со две години гаранција, бла бла бла...5,2 киловати. Монофазно. Издржа цели 7 ипол месеци.
Водата ја грееше да речам доволно, но притисокот беше релативно слаб. Мора да е така за да може да ја загрее водата. Го однесов на сервис под гаранција, за да ми речат после три дена дека не се поправа и дека можат да ми дадат друго. Ок, но за жал немаа исто, бојлерче безпритисочно, имаа онакво за под притисок. Има малку сторија и околу тоа, ама да не давам.
И пошто не ми одговараше такво бојлерче, се согласија без никаков проблем да ми вратат пари.
За истите пари, односно нешто ситно под 7000, отидов во Агротехна и купив српско проточно за 2500 денари кое работи на две фази, односно 400 волти.
7,5 киловати. Имав малку заебанција додека да ја преправам таблата, за да донесам уште една фаза, ама тоа се среди. И + ефтини се деловите за одржување, нема цевен греач како овие останативе за да фаќа каменец од нашава вода и еве го си тера и ден денес. Скоро година ипол. Редовна цена му беше 5000 ама као у стилу оштетена роба незнам што, пожолтен капак, викам пакуј под судопер никој не го гледа.
Имам поголем притисок и + повеќе ја затоплува водата од Ваилантот.

едит:
Ништо нема да им се деси на спојките.
Инаку одводот си дојде со лавабото, Пирамис.

Само цревото го докупив посебно.

едит 2.
На сликата како одводот од машината да не ти е натакнат како што треба. Немој да си играш со тоа, може поплава да ти се деси. Натакни го до крај, убаво. Ако не влегува, бапни му сјај, и наби го...
Да не викаш што сум кревал рука у вторник!