^^
Јас од моето искуство со фасада на куќа, прв совет ми е: обавезно договор написмено и заверен на нотар. Второ обавезно гаранција за фасадата, написмено.
Од материјали јас одбрав ЈУБ, пошто даваа 10год гаранција (написмено). Имав многу позитивно искуство со Кузман, техничкиот претставник на ЈУБ во Македонија. Дечкото секој втор ден доаѓаше да провери како иде фасадата и дали изведувачот се придржува на стандардите за работа. Често ги корегираше, дури донесе и работна облека за мајсторите. Батето беше светла точка во сите тие нервирања со изведувачот, беше надзор на изградбата (а на крајот дури и медијатор).

Кажи ако сакаш контакт телефонски број, или побарај го директно на страната на ЈУБ.
Нејсе, муабетот ми е обавезно договор заверен на нотар, и обавезно гаранција на долг рок и написмено. Не е лошо и да се информирате за некои стандарди за изградбата: плочките стиропор обавезно да се лепат со лепак нанесен во вид на затворен квадрат на ивиците - никако само со точки лепак, за висок објект обавезно штрафење со типли. Има и други работи, ако поминуваш од ЈУБ побарај им да ти дадат ДВД со информации, правилата се универзални без разлика кои материјали ќе ги одберете.
Големината на станот е заебана величина во вакви пресметки од причина што јас за 61м2 доколку се плаќа по квадратура сум привилегиран према оној со 95м2 стан. Од друг страна, мојот стан е на ќош и има огромна површина за изолација, а до мене стан од 77м2 кој е во сендвич, нема ни 25м2 изолација.
Уфф, не помислив на ова. Јас замислував дека различните квадратури, сите би имале соодветни надворешни ѕидни површини.
Сега веќе варијантата со еднаква цена звучи многу подобро. Посебно ако становите се релативно слични по големина.