Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1591670 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4425 на: 25 Ноември 2015, 11:02:41 am »
Многу е заебано прашањево, затоа побарав искуства за да видам како некој го решил претходно.

Големината на станот е заебана величина во вакви пресметки од причина што јас за 61м2 доколку се плаќа по квадратура сум привилегиран према оној со 95м2 стан. Од друг страна, мојот стан е на ќош и има огромна површина за изолација, а до мене стан од 77м2 кој е во сендвич, нема ни 25м2 изолација. Па тие со поголемите станови се побунија зошто да влагаат со поголем коефициент во распределбата за заедничките делови, па некој имал делумно фасада, па некој заградил балкон.... а само 15 станови.

Затоа финалното (се надевам) е, секој стан со коефициент од квадратура да влезе во „главна“ фасада со 10-ка стиропор, а останатите делови, како и кровот да се поделат на 15 станови.

БТЊ, вашето искуство каккво е, колку е м2 фасадирање со 10-ка стиропор кај фирма што ги изработува овие работи?
Не кај мајстор, туку сериозна фирма која треба да постави скелиња по цела зграда и да ги изведе работите.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4426 на: 25 Ноември 2015, 11:31:39 am »
^^
Јас од моето искуство со фасада на куќа, прв совет ми е: обавезно договор написмено и заверен на нотар. Второ обавезно гаранција за фасадата, написмено.

Од материјали јас одбрав ЈУБ, пошто даваа 10год гаранција (написмено). Имав многу позитивно искуство со Кузман, техничкиот претставник на ЈУБ во Македонија. Дечкото секој втор ден доаѓаше да провери како иде фасадата и дали изведувачот се придржува на стандардите за работа. Често ги корегираше, дури донесе и работна облека за мајсторите. Батето беше светла точка во сите тие нервирања со изведувачот, беше надзор на изградбата (а на крајот дури и медијатор).  :)
Кажи ако сакаш контакт телефонски број, или побарај го директно на страната на ЈУБ.

Нејсе, муабетот ми е обавезно договор заверен на нотар, и обавезно гаранција на долг рок и написмено. Не е лошо и да се информирате за некои стандарди за изградбата: плочките стиропор обавезно да се лепат со лепак нанесен во вид на затворен квадрат на ивиците - никако само со точки лепак, за висок објект обавезно штрафење со типли. Има и други работи, ако поминуваш од ЈУБ побарај им да ти дадат ДВД со информации, правилата се универзални без разлика кои материјали ќе ги одберете.


Големината на станот е заебана величина во вакви пресметки од причина што јас за 61м2 доколку се плаќа по квадратура сум привилегиран према оној со 95м2 стан. Од друг страна, мојот стан е на ќош и има огромна површина за изолација, а до мене стан од 77м2 кој е во сендвич, нема ни 25м2 изолација.

Уфф, не помислив на ова. Јас замислував дека различните квадратури, сите би имале соодветни надворешни ѕидни површини.
Сега веќе варијантата со еднаква цена звучи многу подобро. Посебно ако становите се релативно слични по големина.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4427 на: 25 Ноември 2015, 11:51:29 am »
Имаме понуда, не е ЈУБ, не сум сигурен дали Усјепор, Цересит, нешто ми се вртат во глава. Изведувачот кажа дека изолацијата се врши на подготвена подлога, цел слој лепак и плус штрафење со типли.
Дава писмена гаранција од 15 години.

Ме интересираа цени за да споредам :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4428 на: 25 Ноември 2015, 12:17:29 pm »

7евра од квадрат беше кај мене, за работна рака. Материјалите сам си ги набавував а не сум рачунал по квадрат како доаѓа.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4429 на: 25 Ноември 2015, 12:20:48 pm »
Марјанот,
јас ти пишав како е законски, а не мое мислење.

Е сега вие ако сакате да се е*авате во здрав памет, вадете кофиециенти, квадратури итн.....

Иначе јуб, цересит ти се ок како бренд, побарај и од STO понуда (Алпос).

За фасада по пропис:
Која и да ја одбериш од прилика треба да е од 22 - 25е за м2 - 10 фасада +скеле 3е м2 за месец (така нешто)

Квадратурата ја пресметуваш а*б - не се одбиваат отвори.
Пиши ми ако сакаш да ти побарам фирми и понуди.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4430 на: 25 Ноември 2015, 12:25:16 pm »
Еден што колку толку разбира да седи со мајсторите.
Ова се подразбира ама да повторам.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4431 на: 25 Ноември 2015, 12:35:48 pm »
Како и да е, припазете што пишува во гаранцијата и дали се работи според стандардите (поважно од самата гаранција).
Лани гледав на нет како во Хрватска цела фасада паѓа од зграда...

Не го најдов тој клип, ама еве добар пример - точкасто залепено, и незаштрафено (или поточно заштрафено, ама не по пропис):
https://www.youtube.com/watch?v=SRgO_9HlpLM
Ако е лепено со лепак по ивците на таблите стиропор, ветерот не може да дува под фасадата, а со тоа ни да ја одлепи.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4432 на: 25 Ноември 2015, 13:08:40 pm »
Марјанот,
јас ти пишав како е законски, а не мое мислење.

Е сега вие ако сакате да се е*авате во здрав памет, вадете кофиециенти, квадратури итн.....

Иначе јуб, цересит ти се ок како бренд, побарај и од STO понуда (Алпос).

За фасада по пропис:
Која и да ја одбериш од прилика треба да е од 22 - 25е за м2 - 10 фасада +скеле 3е м2 за месец (така нешто)

Квадратурата ја пресметуваш а*б - не се одбиваат отвори.
Пиши ми ако сакаш да ти побарам фирми и понуди.


Го имаш при рака тој дел од законот да не барам?

Веќе имаме избрано изведувач, само ме интересираше цената споредбено.
1.100 ден. + ддв е понудената цена. За отворите мислам дека кажа дека се одбиваат ако се над 3м2 ама не сум сигурен.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4433 на: 25 Ноември 2015, 13:14:35 pm »
Не го имам при рака законот.

Таа цена ти е многу евтина........ пази што ќе добиеш за таа цена. Пиши ми ја фирмата која е во ПП за да ти кажам дали маткаат или не.
Иначе за отвори така е 3м2 се одбива.... Ама и не се одбива. Како првен ретко кај има поголеми отвори. После се одбива разликата од 3м2 - башка опшивки + и како и да е......... пак испаѓа без одбивање.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4434 на: 25 Ноември 2015, 13:42:57 pm »
Муабетот со лепење со топки или по ивици е ок само во случај доколку фасадата (старата) е идеално рамна. Што во нашава држава е 1 случај од 100.
Во пракса, како што и јас се уверив, лепењето со топки овозможува скоро идеално рамна фасада, оди повеќе материјал. Фактички ова е и најклучното од се. Мајсторот што лепеше кај мене употребуваше цересит лепак. Толку е добар што мислам дека ако нешто се случи со куќата, само лепакот ќе остане. Башка на последните парчиња, одозгора ги затвори со лепак.
Друга важна работа е како е исчистена старата фасада. Истата треба да биде добро изгребена со челични четки од нечистотии, мувла, пајажини итн, измиена со вода и четка, да се исуши.. потоа нанесена У врска.
Зошто и најдобриот лепак употребете го, џабе ако не е добро подготвена старата фасада. Јас се мачев цела недела додека исчистам.

Така да немојте да мислите дека некој ова ќе ви го прави. Прашање е и дали У врска ќе стават. Да не зборам за врска меѓу лепакот за мрежата и абрибот. Едно е теорија, друго е пракса.

А договори, нотари ... верувајте џабе ви е. Ќе си играат мачка и глушец дали е проблемот до материјалот или изведбата. Освен ако фирмата што испраќала надгледувач на работите не даде потврда дека се е по пропис работено, за да се исклучи едниот фактор

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4435 на: 25 Ноември 2015, 13:49:04 pm »
Семоќен,

Лепење со “топки“ најчесто 4 на поле на стиропор е скроз погрешно. Нема врска дали е тоа рамна, нерамна, крива или незнам каква фасада.

Стиропор се лепи со ободно поставен лепак и една линија на средина.
Не се плочки за вц во 1970 овие, па ќе се лепат со 4 топки.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4436 на: 25 Ноември 2015, 13:59:12 pm »
Најпрво на ѕидот се нанесува некоја хемикалија како „подлога“, не е баш евтина ама не е голем процент од целата сума за фасадата. Како и да е, правилата за добивање гаранција од ЈУБ нагласуваа дека мора подлога, немав намера да „штедам“ на тоа.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4437 на: 25 Ноември 2015, 15:21:42 pm »
Еве и овде за сите да прочитате:

Член 6
Заеднички делови на станбените згради
(1) Заеднички делови на станбена зграда се скали, влезни ветробрани, ходници, просторија
за велосипеди, пералници, сушилници, заеднички подруми, засолништа, тавани, работилници за
домарот, стан за домарот, простории за одложување на отпадоци и други простории наменети за
заедничко користење на сопствениците на посебните делови, земјиштето на кое е изградена
зградата и друго земјиште што служи за нејзина употреба, согласно со прописите за
урбанистистичко планирање.

(2) Заеднички градежни елементи во станбените згради и станбените објекти за посебни
намени се темелите, носечките ѕидови и конструкциите, таваните, покривот, фасадата, оџаците,
цевките за проветрување, светлосните прозорски стакла, отвори за лифтовите и други слични
конструкции.


За повеќе....
http://www.snabduvanjezapad.mk/toplifikacija%20akti/Zakon_za_domuvanje.pdf

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4438 на: 25 Ноември 2015, 15:47:35 pm »
^ Еве го она што го прашував:

Член 17
Определување на сосопственички удели
(1) Сосопственичкиот удел на сопственик на посебен дел (стан или деловна просторија), во
однос на вкупната површина на заедничките делови на зградата, до склучување на договор за
заемни односи, се определува процентуално во зависност од површината на посебниот дел.

Член 20
Тековно одржување
(1) Управителот е должен редовно да се грижи за вршење на поправки од помал обем
(замена на сијалици, приклучоци, мали молерски работи, замена на резервни делови и слично) на
заедничките делови на станбената зграда. Трошоците за овие поправки ги поднесуваат
сопствениците на посебните делови сразмерно на големината на нивните посебни делови.

Мамата...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4439 на: 25 Ноември 2015, 15:49:28 pm »
А одлуката за градење фасада, како се носи? Со мнозинство, или мора сите да се согласат?