Па ти го пишав погоре тоа онак, физичко/правно лице али си го скокнал ... Инаку да, и јас се согласувам со тебе околу некој тип на добивање на поголема „тежина“ на мајсториве во поглед на одговорноста, исто како и доцнењето на испораката 
Али да бидеме реални, мебел по мерка е пазар генерално за овој тип на мајстори, фирмиве за мебел тешко се нафаќаат за правење по мерка или тогаш цената е 1/4 стан 
Нормално е човек фирма да ти наплати изработка на плакар минимум за работна рака колку што кошта материјалот. 200 евра материјал, 200 евра работна рака. У најдобар случај. Подобрите мајстори наплаќаат и 400, но тие се со оној 1% кој беше спомнат пред две страни од страна на Дени.
Многу од луѓето не го ебат тој 1% за +200 евра и на крај цацко им е крив и само кењаат дека никој не работел како што треба и дека зимал многу пари.
Ако одиш во фирма каде што делумно ке си правно заштитен, ке ја добиеш цената од мајсторот фирма, поединец, ама квалитет 10 пати на пониско ниво, зошто тоа е фабрика, не е човек да се заебава со подесување на вратичките цел ден.
Ти местат, ти монтираат, па ти ако не си задоволен, жали се.
Све што вреди (во најголем дел од случаите) си кошта пари. Или ке платиш и ке клатиш или нема да се клатиш.
Ако мислиш дека е многу, изработи си сам ако си вичен.
Мене ми беа многу пари кои ми ги побараа, си засукав рукави и си направив.
Како е така е, мене ми е ОК.
Си платив материјал, а работната рака ми беше гратис.