Работата кај добар мајстор е финеса.
Поготово за плакар. Не е само да се направи. Откога се ќе се заврши, треба он да си поседи во собата едно саат-два и да си ги наштелува сииииииииите шарчиња, ногарчиња, вратичиња, стоперчиња. Тоа е финесата што го краси делото.
Секој знае да го направи тоа, ако е добро изведено првично. Сите вратички да се рамни со исти зазори, да не фаќа ништо никаде, да налегнува како што треба, да затвара меко, да не удира никаде. Се се прави. Само моментот е финесата. Не секој мајстор е ист за тие работи. Има попрости мајстори кои ќе направат нешто без финеса. Значи тоа е 99% супер направеното, нема муабет. Се работи и се е во ред. Ама тој 1% немаат капацитет да го изработат. А цената ти е иста. Финесата не е. Со среќа во потрагата, тежок е патот мајсторски.