Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1588525 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4245 на: 06 Октомври 2015, 22:41:47 pm »
Јас земав од кај нив врата надворешна, ич не сум задоволен од монтажата и од тоа како се покажа вратата, иако не смее да се криви, на топло добро затвара, на ладно треба да ја потегнеш. Им рекламирав за ова во продавницата, еве после една недела уште ги чекам да видат што е проблемот, иако знам  што е....

Земи си од Конструктор, тие се добри бар за тоа што ти треба.


п.с. незнам каде да пишам ... има некој клабер да се занимава или да препорача мајстор за плакари лизгачки, ми иде да ги утепам со тоа цените што ги лупетаат за плакар со димензии швд 235х250х57 од 40к денари. Па само за раб рака 10-13к денари, за што мамето нивно, за тоа што Солопром се ќе им искрои, кантира, издупчи ... а они само ќе штрафат ....


Ако сакаш можам да ти дадам контакт од дечкото кај мене што работеше. Скоро целиот намештај во куќата тој го правеше. Работи квалитетно и ако ти каже дека на тој и тој датум ќе ја имаш нарачката го исполнува ветеното. Јас лично гарантирам за квалитет. Мајсторот е од Паланка и работи во Куманово и Скопје.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4246 на: 06 Октомври 2015, 22:48:54 pm »
И јас сум во моментов на истите маки. Каде и да прашам наплаќаат по околу 100е од квадрат, минимални се разликите.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4247 на: 06 Октомври 2015, 22:49:52 pm »
Преферирам да е од Скопје. Ако заебе работа, бар бензинот што ќе го заштедам до другите градови да го поарчам на палење куќа.

Како што иде работава, на крај со стариот ќе го направиме како и милион други работи низ дома. Неможе бе некој со 8 одд да сака од еден плакар да заработи колку јас за 20 работни дена, па уште и да се секирам дали ќе го заврши како што треба, па и на време ...

Секоја чест за тие што изработуваат кујни, али за плакар толку пари, фак оф. Во продавница е 24к само што висината не е до крај, и тоа од висок сјај иверка, а не од најобична.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4248 на: 06 Октомври 2015, 22:52:59 pm »
Оди и до Крономак имаат голем избор на материјали. Инаку прашував и во Ср и во Ск, горе долу исти цени добивав. Кај пореномираните фирми се во просек по 50е поскапи.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4249 на: 06 Октомври 2015, 22:57:57 pm »
Как се казва тази момчета?

Како другите ли го чекаш 764 дена или?

Ристо се вика мајсторот,седе во уличето над полицискиот парк,и за некои си 15-20 дена го среди и плакарот и натказните.Ако сакаш ќе ти дадам бројче.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4250 на: 06 Октомври 2015, 23:02:45 pm »
Ако може некој со 8мо да го направи пробајте сами.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4251 на: 06 Октомври 2015, 23:04:53 pm »
Секоја чест за тие што изработуваат кујни, али за плакар толку пари, фак оф. Во продавница е 24к само што висината не е до крај, и тоа од висок сјај иверка, а не од најобична.

Претпоставувам мислиш на медијапан со висок сјај. Колку јас што знам освен ако нешто не се променило во последниве неколку години иверка нема со висок сјај, постојат повеќе видови на иверка а медијапан има со висок и низок т.е обичен сјај. Различна е цената за иверка и за медијапан. Кога се изработуваат плакарите внатрешните делови односно полиците и страните на плакарот се прават од иверка а лицето или вратите се прават по избор, или иверка или медијапан.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2241
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4252 на: 06 Октомври 2015, 23:07:05 pm »
Сега има и иверка со висок сјај,која на изглед и не се разликува многу од медијапанот.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4253 на: 06 Октомври 2015, 23:19:57 pm »
Преферирам да е од Скопје. Ако заебе работа, бар бензинот што ќе го заштедам до другите градови да го поарчам на палење куќа.

Како што иде работава, на крај со стариот ќе го направиме како и милион други работи низ дома. Неможе бе некој со 8 одд да сака од еден плакар да заработи колку јас за 20 работни дена, па уште и да се секирам дали ќе го заврши како што треба, па и на време ...

Секоја чест за тие што изработуваат кујни, али за плакар толку пари, фак оф. Во продавница е 24к само што висината не е до крај, и тоа од висок сјај иверка, а не од најобична.

дааа си ми жив и здрав за муабетов! со таа умисла јас се дома сам правам, иако врска нема со моја струка. А и да ти овакво струката.. што школо треба да си за мајстор освен трчи лажи и земи 2000ки за 3 саата работа.
Денес чичко ми го прашувам колку му земал мајсторот што му малтерисал 1 квадрат од зидот ради флеката од оџакот, ми вика 500ден.
Значи чичко ми мешал малтерот, домкнал песок цемент усје мал до дома, мешал и му подавал на "мајсторот" и за пола саат му опнал 500че. И му викам чичо а тебе ти даде нешто од 500чето за чирак? тоа е јбг.

Нека извинат поштените дечки тука се надевам разбираат за какви се' мајстори зборам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4254 на: 06 Октомври 2015, 23:26:43 pm »
Работата кај добар мајстор е финеса.

Поготово за плакар. Не е само да се направи. Откога се ќе се заврши, треба он да си поседи во собата едно саат-два и да си ги наштелува сииииииииите шарчиња, ногарчиња, вратичиња, стоперчиња. Тоа е финесата што го краси делото.

Секој знае да го направи тоа, ако е добро изведено првично. Сите вратички да се рамни со исти зазори, да не фаќа ништо никаде, да налегнува како што треба, да затвара меко, да не удира никаде. Се се прави. Само моментот е финесата. Не секој мајстор е ист за тие работи. Има попрости мајстори кои ќе направат нешто без финеса. Значи тоа е 99% супер направеното, нема муабет. Се работи и се е во ред. Ама тој 1% немаат капацитет да го изработат. А цената ти е иста. Финесата не е. Со среќа во потрагата, тежок е патот мајсторски.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4255 на: 06 Октомври 2015, 23:36:14 pm »
Јас земав од кај нив врата надворешна, ич не сум задоволен од монтажата и од тоа како се покажа вратата, иако не смее да се криви, на топло добро затвара, на ладно треба да ја потегнеш. Им рекламирав за ова во продавницата, еве после една недела уште ги чекам да видат што е проблемот, иако знам  што е....

Земи си од Конструктор, тие се добри бар за тоа што ти треба.

им пратив мејл, чекам понуда, не планирам да идам кај нив и онака нема што да праам :)
нека дојдат нека земат мерка ќе им платам кога ќе го монтираат и то.
Данке

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4256 на: 06 Октомври 2015, 23:40:24 pm »
Сега има и иверка со висок сјај,која на изглед и не се разликува многу од медијапанот.

Не сум знаел за тоа. Благадорам за инфото.

Еве еден совет за избор на медијапан со висок сјај од мајсторот кај мене што работеше за сите оние кои прават мебел. Кога беќе бев одлучил дека лицето на кујната и плакарите ќе биде од медијапан со висок сјај, мајсторот ми понуди две цени за тој медијапан. Ако не се лажам едната беше 30 евра од квадрат а другата 60 евра од квадрат (ова беше пред скоро 4 години и цените се од тогаш). Го прашав која е разликата освен тоа што едниот е дупло поскап од другиот. Ми рече дека кога се фарба медијапанот во самиот процес од прашина можат да настанат неколку точки на таблата медијапан кои се тешко воочливи. Треба ептен блиску до таблата да застанеш и добро да се загледаш да ги приметиш. Тој медијапан тогаш одеше по 30 евра квадрат. Оној кој е беспрекорно исфарбан е 60 евра квадрат. Го прашав за совет што тој би одбрал кога да речеме парите не би биле проблем. Неговиот избор беше на тој од 30 евра. Рече дека разликата е занемарлива и тој од 60 евра е само фрлање пари. Јас имам од тој од 30 евра и ништо не се приметува на него.

Работата кај добар мајстор е финеса.

Поготово за плакар. Не е само да се направи. Откога се ќе се заврши, треба он да си поседи во собата едно саат-два и да си ги наштелува сииииииииите шарчиња, ногарчиња, вратичиња, стоперчиња. Тоа е финесата што го краси делото.

Секој знае да го направи тоа, ако е добро изведено првично. Сите вратички да се рамни со исти зазори, да не фаќа ништо никаде, да налегнува како што треба, да затвара меко, да не удира никаде. Се се прави. Само моментот е финесата. Не секој мајстор е ист за тие работи. Има попрости мајстори кои ќе направат нешто без финеса. Значи тоа е 99% супер направеното, нема муабет. Се работи и се е во ред. Ама тој 1% немаат капацитет да го изработат. А цената ти е иста. Финесата не е. Со среќа во потрагата, тежок е патот мајсторски.

Во потполност се согласувам со Дени. Понекогаш ако не знаеш што е поквалитетно прашај што е поскапо. Работната рака на стварно добар мајстор секогаш ќе биде поскапа од на оној со послаби квалитети кој гледа само да направи и продаде.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4257 на: 07 Октомври 2015, 08:44:19 am »
@Deni убаво си објасни.
Има и мајстори кој наплаќаат дебело, а немаат појма за што станува збор.
Не е проблемот во парите, туку во финесите и тој 1% кој го нагласи Дени.
Максимално се слагам со него.

Кога станува збор за медијапан, јас секогаш би го одбрал оној што се пресвлекува со фолија, МДФ, пред фарбан.
Секогаш.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4258 на: 07 Октомври 2015, 09:19:40 am »
Сале ти имаше ставено некој линк од плакар што си работел .. ако не се лажам може да го споделиш?

А ако се решиме со татко ми да го правиме, има сите скици, планови итн... да ги објавам кај стигнам па на кој му одговара димензијата нека прави.... некоја продавачка во маркетиве цел месец ќе се расправа со муштерии, пари и искомплексирани сељaци а некој за 2 дена работа сака толку пари....

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #4259 на: 07 Октомври 2015, 09:28:46 am »
Кај медијапанот што се обложува со фолија зафркнат момент е самиот квалитет на фолиите, пред 5г. кога ја правев кујната од Мимако нарачав вратички од медијапан со бела висок сјај фолија и тоа беше катастрофа невидена, два пати ги враќав за на крај еден од вработените да ми каже немој да се мачиш барај си друго чаре, газдата штеди на фолијата и зима неквалитетна и после тоа земав иверка со висок сјај ама не ми прави ќеиф пошто ивиците неможе да се соборат.
За уради сам варијанта најверојатно периодов ќе правам кревет за ќерката, па дали знае некој каде прават услужно отвори за спојки (да се спојат две иверки а да небиде со комформат )