За потењето е повеќе индивидуално. А другите работи како издржливост,трајност па поготово одржување(мало дете,прснало,шарнало,истурило...) се на страна на кожата. Исто како и во кола.
Сале фала ти,нема потреба да се мачиш да ставаш слика. Мене ме интересира да добијам некоја хиерархија на квалитетот кој го нудат фирмите за мебел кај нас. Немам појма што-како стојат работите нит со цени нит со квалитет. На муабет сите се јаки и имаат полни усти со фалби за себе.
Најмногу ми фати око во Канапе,арно ама по цел нет неможам да најдам ништо освен реклама. Монтенегро и Пункт имаат конкретно ист модел на гарнитура, а кај едните е околу 4-500е поскап.
Јас кога купував прошетав доста салони, а и не само во Скопје, туку и низ македонијава. Патувам често и имав прилика и можност тоа да го направам.
Во Струмица бев во скоро сите салони, но искрено квалитетот беше далеку од оној за кој се одлучив.
Монтенегро имаат некој чудни модели а и цените им се во плафон, што искрено јас мислам дека не вредат за парите по кои се продаваат, туку на пола.
Канапе ми се фирма која почнува да се гради, имаат интересни модели, но искрено мене ми сметаат материјалите кои ги ставаат. Кожата ми делува многу тенка, може и да грешам, но страниците и ќошевите ми се бедно изолирани, а врз нив ставена кожа.
Југоекспорт нудат голем асортиман, можеш да добиеш добар попуст, но и таму ме извадија од такт. Давам 2000 евра за кожна гарнитура за на крајот од муабетот да ми речат дека позадината е од платно а не од кожа?!?!? Ако сакам и тоа од кожа, уште 500 евра. Е јеби га, не давам! Инаку зборувам за двосед и тросед! Без фотеља.
Потеклото на дел од гарнитурите ми беше сомнително, запишав имиња, фотографии, и гугл. Гледам некој работи не се совпаѓаа со кажувањето на вработените во салон, па по втора посета дознавам дека тие се наводно стари модели, па незнам се изработуваат оваму или онаму по Италијанска лиценца, и на крај се изнервирав и си отидов во Симпо.
Си одбрав тоа што сакав, си одбрав кожа, имаше и на лагер, ама јас сакав боја + тросед и двосед, а они имаа комплет со се фотеља.
Не ми се брзаше. Чекав точно 50 дена за да ја добијам. Ја платив однапред во кеш, и добив 15% попуст со што двоседот и троседот ми излегоа за 97 иљади денари. Двоседот ми е без механизам, а троседот сакав да е со механизам за некад гости ово оно ако дојдат да не се стискам. Инаку механизмот е латофлекс и некој си сунгер, наместо душек како на времето.
Една мала замерка имам на тој дел, односно нема заштитно платно за да се покрие механизмот, па полека од седење и бла бла бла се оштетува долниот дел од седиштето. Јас си ставив платно, си земав, и немам проблем со тоа.
Ова колку за инфо...
Све друго што видов беше тежок фушерај и тешка импровизација, познато за во нашава држава.