Тие типли се за стиропор. Никако со нив. Високи се, нема да легнат врз гипсот.
Таблите гипс реди ги врз стиродурот. Можеш и со дрвени летвички да поставиш и да ги утиплуваш на зидот, па таблите на нив да ги штрафиш или пак на метални, па после со црните кнауф штрафови да ги стегнеш гипс таблите.
За да ги стегнеш како што треба профилите или дрвените летвички на кои ке ги штрафиш таблите, купи си овакви типли:

Имаш на зелен пазар, бели се и запази го обликот. Буши со фес бургија за нив или бројче помало. Ке ти требаат 6-ки, буши со 5-ка. Пошто ке типлуваш во цигла.
Само со оваква типла ке свршиш работа.
Обавезно ако ставаш една табла гипс, летвичките стави ги на 40 цм, а не на 60!!!
Обавезно стави 12,5 мм табла а не 9 мм!!!
Ако ставаш дрвени летвички, премачкај ги со било каква заштита, садолин, фирнајс, лак, што год да имаш.
АКо ставаш метални профили, со ништо не ги премачкувај.
Среќна работа

И пред да лепиш плочки на гипс табилите, не заборавај да им премачкаш У-ВРСКА или уште подобро ако имаш ХИДРОМАЛ ФЛЕКС.