Ok. Сега работите се појасни.
Изолирај го заедничкиот ѕид онака како ти беше кажано, со терволи и со гипс картон, хидролам флекс и толку.
Тој зид од кај шољата е малку проблем за изолација.Уствари не е проблем ако сакаш обично казанче да ставиш, ама ти сакаш моноблок. Јас не би ставил никогаш моно блок, бидејќи многу често се расипуваат заради каменецот кој го фаќаат, ради тоа што имаат многу помала моќ на испирање на вц школката, и затоа што ако утре ти се расипе, механизмот може повеќе и да не го најдеш.
Јас би одбрал класично казанче, Геберит за по цена од 1200 денари. И никад да не можеш да најдеш резервни делови, пак ке си купиш ново. За разлика од моноблокот каде мораш да го менуваш целиот или да импровизираш.
Значи зборувам за моноблокови кои чинат до 10к денари.
За оние кои се по 40 и нагоре, не сакам ни да размислувам.
Доколку го направиш со класично казанче зидот, ке имаш можност во тој простор од 10 цм да ставиш изолација тервол од 5цм кој ке го компримираш во 2цм, или пак ке ставиш 2цм стиродур или ХРЅ, исто е, две табли гипс, и плочки. Значи се на се ке ти дојде околу 6цм покусо, односно од 15 ке намалиш на 9 цм.
Во спротивно идеш со изолација од надвор што е и најдобро решение.
А внатре одиш со хидромал флекс и плочки одозгора.
Не знам само дали постоечките плочки ке ги вадиш, или ке одиш врз нив.
Ако имаш и ги вадиш, бројката во математиката намали ја за 2 цм.
Значи на тој зид просторот ке ти биде 11цм.