@Van
За Тинг јас бев прв. Прво дека се македонски производ, второ дека имаат иноксно казанче.
Личното мое искуство го вели следново:
Најгрди се на лик, дури погрди и од Хит-Велес и Леов-Велес.
Изгледот на страна го купив ради иноксниот казан.
Термостати во гаранција ми сменија 4. Со два дефектни имав стравично искуство, и да не бев дома да реагирам навреме можеше да биде фатално и катастрофално.
Изолацијата им е тенка, стаклена волна од 3 до 4 цм обмотана околу казанчето. Преминав и преку тоа, ама не преку неквалитетот на термостатот, кој е основна единка за исправна функција на еден бојлер. Можда сум бил лоша среќа и ми се погодил бојлер со лоша серија на термостати, ама тоа е моето искуство. За жал.
Затоа се преориентирав на проверен и сигурен бренд, во големото купатило, каде ставив класичен бојлер од 100л со спирала - Gorenje.
Тебе ти треба баш тоа што си го нашол со таа ознака односно:
http://www.gorenje.com/heating-systems/en/water-heaters/small-volume-water-heaters/gtЗапази ја ознаката кога ке бараш по продавнициве.
Продавачите не разбираат што продаваат, битно да ти продадат.
Јас почнав да купувам по ознака.
Кажете ми дали го имате овој производ? Бла бла бла.
Имате ке купам, немате пријатно.
Ако нема од Горење имаш и други, пример Дом - Панчево, имаат со иноксни и бакарни казани, потоа Термил - Краљево, и мислам имаше уште некој, ама не можам да се сетам. Заборавив.

Старост

Инаку мојот проточен е 7,5 киловати и како што реков во претходниот пост работи на 400 волти. Односно на две фази.
Влезната температура на водата мислам дека е околу 10 или 11 степени, што е нормално пониско од твојата.
Со намалување на протокот, затоплувањето ке биде повисоко, но штом имаш толку ниска температура, или треба да ставиш проточно трофазно или класично.
Размисли.
Проточното ке ти троши струја само кога го користиш. Обичното ке си догрева нонстоп.
@Pistorij
Овие ги продаваа во Електроелемент колку што се сеќавам???
Мислам дека делуваа ОК, ама би ти советувал да отидеш до МЕРКУР ако имаш можност.
Имаш Унитас или Армал на попуст. Мислам дека се постари модели, ама квалитетот е две или три нивоа над овие. Види и во Фригошоп во Автокоманта, од таму јас ја земав мојата Унитас со 6 години гаранција.
Во Меркур имаш и едни турски а ефтини, со 5 години гаранција. Делуваа многу квалитетно направени, ако си за поефтина варијанта.
Имаа и едни српски, заборавив како им беше името, не се лоши и тие а цените им се пристушачни и има делови за поправка за понатаму.
Инаку јас си домкнав од Германија чешма за на лавабото и батерија за над када. Црево и туш си купив од тука - Newarc, од BAUDOM на Качанички пат, накај Косово кога се оди, имаат турска програма многу квалитетна и цените не им се баш ниски. Исто така даваат 5 години гаранција.
www.newarc.com.trСо среќа во проектите
