Позади телевизор доволно се три. Еден шуко и два обични. Еден телевизор, еден систем, еден медиа плеер. Ако има потреба од повеќе, на шукото еден продолжен и тоа е доволно.
Ако имаш комода, може да фрлиш продужен, ама ако имаш некое убаво стаклено постоље, тогаш поарно да предвидиш што повеќе.
Јас имам седум позади ТВ, 3 шуко и 4 италијански. на истиот ѕид имам лево уште две шуко и 3 италијански и десно уште две шуко утичници. Сега за сега, не користам продолжен кабел. Приклучено позади тв: ТВ, МаксТВ, ПЦ, екстерен ХДД, Рутер, Активен саб и појачало. Страничните ми се за полначи за мобилни, лаптопи и други тракатанци.