Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1593098 пати)

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3345 на: 13 Март 2015, 18:45:54 pm »
SaleSk Се што кажа вистина е :D . Деновиве се изначитав и изнагледав по интернет.
 Денес начекав слободен ден конечно и му се фрлив на купатилото со хилта. Тој зид ќе го соголам до блок, ќе пуштам водоводна инсталација па ќе искројам профили и тн.
Нај битното е после два слоја на табли (кои нема потреба да се аква панел, туку од тие водоотпорни - зелени) да ги премачкам со 3 раце хидромал флекс.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3346 на: 13 Март 2015, 19:24:53 pm »
Момци каде да најдам литература за местење на инсталација во нова куќа.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3347 на: 13 Март 2015, 19:30:06 pm »
За каква инсталација?
Водоводна, парно, компјутерска мрежа, струја, камери и безбедност???
:)
Претпоставувам електрична, ама ај да си прашам.

Ако е електрична, треба да се направи план. Потоа да се соопштат желбите на сопственикот.
Одприлике да се знае што, каде и како ке биде поставено во куќата, па потоа да се направи спецификација и распоред на осигурачи и материјали.
:)
Има бааги работа, а литература и незнам дали баш ке успееш да најдеш. Можеби, но не сум сигурен.
Ако имаш се од ова погоре напишаново, може да ти помогнеме.
Поздрав
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3348 на: 13 Март 2015, 19:34:48 pm »
За електрична се работи,имам све смислено каде и како ќе биде,ме интересира пример дебелина на жица,број на осигурачи и сл.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3349 на: 13 Март 2015, 19:44:21 pm »
Вака.
1. Бројот на осигурачи ке се одреди одкако ке се направи план каде, колку и какви електрични места ке има низ станот.
2. Пресекот на жиците најчесто е во зависност од типот на потрошувачот односно за шуковци 3х2,5мм, за светилки е 3х1,5 за по едно сијалично место или 5х1,5мм за три сијалични места (лустер и слично). За термопечка трофазен 5х2,5мм, за проточен бојлер до 5,7 киловати 3х2,5мм, за поголем во зависност од спецификациите се става соодветен кабел, најчесто 5х4мм или 4х4мм. За котел на парно 5х4мм за котел до 18 киловати  или 5х6мм за котел до 24 киловати.
3. Колку квадрати ти е станот?
4. Колку соби?

Најмалку осигурачи што би ти препорачал се 24. За стан до 60 квадрата. Се над тоа оди со повеќе. Фид склопка обавезно во кујна и купатило, освен на фрижидер.

:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3350 на: 13 Март 2015, 20:01:21 pm »
Ако мислиш да ставиш 3 сијалици во секоја соба стави 5 најмалку. Ако мислиш да ставиш 4 штекери во секоја соба, стави 8 најмалку. Кога ќе си речеш за нешто „Абе што ќе ми повеќе од 2 штекера во ходников, удри си шамар и стави 4 штекери.“ Истото за секоја соба, светла странични, столни, доле странични, дупли лустери, полначи, адаптери, појачала, клими, се се се што може дати текне на светов. Клима нема да ставаш? Стави струја за клима битно. Во секоја соба. Аспиратор, во кујната во креденците пушти, во горните пушти, за светло пушти, во сите вградени плакари пушти, во сите визбичиња и оставчиња пушти. Нема да има светло во плакарот? Не речи два пати. Стави си.

Во секоја соба дозна по една со довод директен па од неа ќе се грани кон се. И пак ќе речам, дупло од што мислиш и светла и штекери. Најмалце дупло. И LAN покрај струјата во секоја точка, и телефонски и коаксијален кабел. 3 лан кабли до телевизорот во дневна од кај што ти иде доводот за мрежа, телефон и кабловска.

Со среќа во броењето.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3351 на: 13 Март 2015, 20:13:35 pm »
Еве баш сега гледав колку осигурачи имам јас дома. Имам две спратни табли. Две фид склопки, и 47 осигурачи на таблите :)
На едната 10+фид, на другата 37+Фид. + надвор имам уште 6 главни. 3 од 40А и 3 од 63А.
Малата табла ми е за парното, соларното, машина за перење, машина за сушење, струја за во двор, а другата за се останато.

Просто ке ти пишам како и колку осигурачи да ставаш.
На кабел 3х2,5мм, се ставаат во просек два шуко утикача и еден осигурач од 16А.
За светло се става 10А осигурач и е сосема доволен за светло во дневна и детска, или спална и ходник, или работна и купатило. Повеќе од 3 осигурачи за струја нема потреба да ставаш.
На трофазен приклучок три осигурачи од 16А, за секоја фаза посебно.
Аспиратор и машина за перење садови, 1 од 16А. Бојлерче еден од 16А. Бојлер еден од 16А. Фрижидер 1 од 16А.
Плотна ако е двофазна, а најчесто се, два од по 16А. Фурна 1х16А.
Проточно кујнско бојлерче 1 од 25А или ако е двофазно 2 од 25А.
Клима 1 од 20А.
Машина за перење 1 од 16А, машина за сушење 1 од 16А.
Итн :)
Други ствари не ми текнуваат.
Инаку Дени е во право.
Обично на по еден ѕид ставав по два шуковци, еден ми е обавезно дупли, + уште еден на некој друг зид.
Во просек има по 5 најмалку во една соба.
Во спална имам 5 комада само над главата - еден за радио будилник, по два за полначи за мобилен, +  два слободни на останатите зидови и два кај телевизорот.

Во дневна + кујна имам верувал или не сега ги броев 22 шука и еден трофазен :) (35 квадрата)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3352 на: 13 Март 2015, 21:48:22 pm »
Ама и да не ставаш до толку штекери, пак можеш некаде да надокнадиш со продолжен кабел. :)
Ете си спомнал 2 штекери за полначи само ? Може ли тоа пример за таа работа да се реши со ова:
?

Само си правиме муабет, не дека од повеке боли глава, ама пак и 50 штекери во 50-60 квадрати куќа е малку претерано според мене.
« Последно менување: 13 Март 2015, 21:54:34 pm FiLo »

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3353 на: 13 Март 2015, 22:33:04 pm »
воопшто не е претерано, да не набројувам само.
 Ај ќе набројам само за кај телевизорот во дневна.
- макс тв можеби
- дримбокс
- појачало
- блуреј плеер
- Телевизор
- кабелски ресивер
- кабелски интернет можеби?

Гарнитура за седење пред телевизорот

- два штека лево (полниш телефон, лаптоп)
- два штека десно

Ете само за пола соба десетина штекчиња

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3354 на: 13 Март 2015, 22:48:48 pm »
Ама и да не ставаш до толку штекери, пак можеш некаде да надокнадиш со продолжен кабел. :)
Ете си спомнал 2 штекери за полначи само ? Може ли тоа пример за таа работа да се реши со ова:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..) ?

Само си правиме муабет, не дека од повеке боли глава, ама пак и 50 штекери во 50-60 квадрати куќа е малку претерано според мене.

друже.... кога местиш нова инсталација, нон сенс е да размислуваш за лопови да користиш... не дека не е тоа решение кога веке нема каде...

јас во дневна кај телевизорот имам 8 штекери и пак имам лопов т.е. еден продолжен кабел легнат доле прецизирам:

-телевизор
-појачало
-активен вуфер
-ресивер
-видео
-цд плеер
-лаптоп
-рутер
-модем
-3 полначи за мобилен
-амбиентални лед диоди вградени во намештајот


па одма до него имам уште еден дупли па карши него уште еден, па од другата страна имам уште еден со 3 штекери и тие се полни (2 амбиентални лустерчиња и еден полнач за мобилен) и кај гарнитурата имам смао 1 штекер... е се каам што тука на направив уште 2-3 да имам... значи за во дневна соба ти требаат 15 штекери, и плус по слободна воља колку мислиш дека ке затреба.

кујната исто... 10-тина штекери и еден трофазен обавезно. еве кај мене што се користи во кујна:

-шпоретот е трофазен
-фрижидер
-аспиратор
-машина за садови
-пест реџект
-дополнително светло
-микровална
- и 2 комада минимум се користат кога нешто се прави специјално... торти, колачи или некои туршии... за мискери, или мелници.


Момци каде да најдам литература за местење на инсталација во нова куќа.
последна работа што сакам да ја кажам... НЕМОЈ ДА ЗИМАШ ПРИРАЧНИК ЗА ДА ВИДИШ КАКО СЕ МЕСТИ ЕЛКЕТРИЧНА ИНСТАЛАЦИЈА... те молам немој... не за џабе има цело средно училиште за електричари-монтери.. јес да е со 3 години школото, ама сепак правилно поврзување на инсталација не се учи од прирачник од некое книгиче што ке го прочиташ за ден-два...

не за друго, рачунај дека си предупреден дека шансите да се потпали објектот и да изгори до темел ти се големи... со струја нема играчка... еден грешен спој, слаб контакт, шмелцовање, зголемува отпор и доаѓа до палење на кабелот... ако тоа се деси на спратна табла, рачунај дека следат и експлозии нај често од меѓуфазни споеви... понатака, правилно поврзување на заземјувањето е обавезно... заземјувањето таму служи за заштита на човечкиот живот.. не е за ништо друго. затоа грешно поврзано заземјување, може да кошта нечив живот... а животот на човекот не е поевтин од работна рака на електричар, мајстор кој за тоа учел и имал пракса...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3355 на: 13 Март 2015, 23:38:58 pm »
Ние во кладилнициве немаме по 50 штекери. :D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3356 на: 13 Март 2015, 23:42:24 pm »
Од горе наведеното би додал вградување на заштита од пренапон.

Момци каде да најдам литература за местење на инсталација во нова куќа.
Ако мислиш за сам да се учиш да ја изведеш инсталацијата, тоа никако, потребно е искуство, големо знаење и прецизност во работата.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3357 на: 14 Март 2015, 00:37:54 am »
Ние во кладилнициве немаме по 50 штекери. :D

10-15 за тв
5 за панели греалки
3 за покер новите апарати

пулт
1 штекер што ќе зима за пултот
10 односно 2 продужни на прва каса
5 односно 1 продужен на втора
5 односно 1 продужен трет (ако има) обично ако има Кено

Одиме ормар
еден главен што ќе зима од него продужните
минимум 4 продужни односно
20 (миљон уреди да не набројувам)

Извини ама над 60 се.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3358 на: 14 Март 2015, 01:55:41 am »
Абе мајстор ќе си мести тоа не пипам ја висока струја,него сакам да се направи квалитетно и по сите стандарди,станот е 100 квадрати,3 спални соби,вееце,ходник и голем салон со кујна утре планирам да си нацртам план со каде што и како ќе има,фала ви на исцрпните одговори ми се разјаснија доста работи.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3359 на: 14 Март 2015, 03:24:21 am »
Извини ама над 60 се.

Така иде муабетот дека што се вика таму нема толку. И повекето телевизори и компјутери на продолжен кабел ги решаваат. Значи продолжниот кабел добива струја од еден штекер така ?
Тука е муабетот, 10 штекери затоа што на едниот ке пуштам мобилен, на другиот ламба за на биро, на третиот адаптер за фиксен телефон, на четвртиот незнам што, а тоа се апарати кои сите заедно не трошат ни 50 вати.
Затоа реков, да редам по 15 штекери во секоја соба ми е малку нонсесн.
Ете она што го наброја погоре, Тв макс, телевизор, дримбокс, некој плејер, па дигитален ресивер, тоа колку се заедно троши ? Зошто мора тоа оделено, кога и со продолжен кабел со 6 приклучоци што има би го решил пример.
Ајде 2 штекери кај што ке стои телевизорот, ама 5 или 8 само на тоа место ?

Ајде за кујна ок, за фрижидер посебен, за бојлерче, аспиратор, машина за садови и трофазен, еве и уште два ке ставиме таму, немора на тој зид каде што се елементите, туку на друг.
Во спална соба 10 штекери ? Во купатило колку штекери ставате, и таму мора 10 ? Во претсобје што е едвај 3 квадрати, и таму 10 штекери ?

Башка, на некое место на 1 кабел ке ставиш дупли штекер. ;) :)
« Последно менување: 14 Март 2015, 03:32:54 am FiLo »