Еве баш сега гледав колку осигурачи имам јас дома. Имам две спратни табли. Две фид склопки, и 47 осигурачи на таблите

На едната 10+фид, на другата 37+Фид. + надвор имам уште 6 главни. 3 од 40А и 3 од 63А.
Малата табла ми е за парното, соларното, машина за перење, машина за сушење, струја за во двор, а другата за се останато.
Просто ке ти пишам како и колку осигурачи да ставаш.
На кабел 3х2,5мм, се ставаат во просек два шуко утикача и еден осигурач од 16А.
За светло се става 10А осигурач и е сосема доволен за светло во дневна и детска, или спална и ходник, или работна и купатило. Повеќе од 3 осигурачи за струја нема потреба да ставаш.
На трофазен приклучок три осигурачи од 16А, за секоја фаза посебно.
Аспиратор и машина за перење садови, 1 од 16А. Бојлерче еден од 16А. Бојлер еден од 16А. Фрижидер 1 од 16А.
Плотна ако е двофазна, а најчесто се, два од по 16А. Фурна 1х16А.
Проточно кујнско бојлерче 1 од 25А или ако е двофазно 2 од 25А.
Клима 1 од 20А.
Машина за перење 1 од 16А, машина за сушење 1 од 16А.
Итн

Други ствари не ми текнуваат.
Инаку Дени е во право.
Обично на по еден ѕид ставав по два шуковци, еден ми е обавезно дупли, + уште еден на некој друг зид.
Во просек има по 5 најмалку во една соба.
Во спална имам 5 комада само над главата - еден за радио будилник, по два за полначи за мобилен, + два слободни на останатите зидови и два кај телевизорот.
Во дневна + кујна имам верувал или не сега ги броев 22 шука и еден трофазен

(35 квадрата)