имам во купатило неонка која споро се пали,иако ја сменив пред 8-9 месеци.и треба 10 минути додека засвети со пуна светлина,иако е сменета пред 8-9 месеци.сакам да ја сменам со лед неонка,ама незнам дали треба и нешто друго да сменам.нели има стартер кој ја пали обичната неонка,незнам со промената во лед што ќе се случи.имал некој искуство да ме советува што да направам,дали да ја сменам само неонката,или скроз да го сменам типот на осветлување?
Ако си за ЛЕД, јас моментално истражувам (онака лагано) за тоа. Од тоа што гледам засега, тие навистна квалитетните брендови тотално се неисплатливи. Е сега, работата е како да се одбере квалитет помеѓу тие поевтините. Можеш да нарачуваш директно од Кина (Али, ибеј) ама генерално искуствата на мои познати, се лоши. Од домашниве понуди, најинтересни ми се гледаат V-TAC:
http://v-tac.eu/http://www.v-tac.co.uk/Овде ги држат
www.ledlight.mk и гаранцијата е исто 2 години, исто како низ европа (онлајн продавниците).
Е сега, претпоставувам дека старата инсталација од неонката нема да можеш да ја употребиш - пошто ЛЕД осветлувањето воглавно употребува напон од 12волти (има и на 24, за специфични потреби). Значи ќе треба напојување на 12волти плус самите ЛЕД светла. Постијат имитации на неонки, ама мислам дека џабе ќе си ги фрлаш парите (поскапи се). Тебе би ти завршила работа ЛЕД лента, на пример некоја од овие:
http://www.ledlight.mk/index.php/led-strip/led-strip-3528-60-leds.htmlТреба да знаеш колку лумени осветлување ти треба. Eве споредбена табела:

Tие ленти со назнака IP65 се водотпорни, ако ти се јавува многу кондензација во бањата - подобро IP65 да биде лентата. Напојувањето во тој случај можеби подобро да го сместиш некаде во ходник.
Скоро прашував, најевтините ленти се со 3528 чипови, метар од тие кошта 80ден, 110 ден за IP65 (водотпорните). Метар лента бара некои 4.5W (зависи од чиповите), напојување од 25W кошта некои 600ден (метално куќиште, подобро ладење), пластично од 18W - 260 ден.
И јас планирам осветлување дома, па сеуште се мислам што и како да правам. За во купатило се мислам дали воопшто ми треба ЛЕД (имаат дисциплина моиве за исклучување светло, иако најголем проблем е трајноста и потребата за менување на лампи). Како и да е, се надевам дека можеби ќе ти помогнат податоциве.

Едит: изгледа дека имитациите на неонките се смислени како директна замена:
http://www.ledlight.mk/index.php/led-tubes/led-tubes-t8-1200mm.htmlПрашај си дали во лежиштето нешто треба да се менува (моја претпоставка е дека нема да треба).