Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1591477 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3330 на: 06 Март 2015, 00:00:00 am »
па мене ми е до дневната од една страна и до кујната од друга страна, третата е со комшијата у спална, четвртата у ходник нели... ама не сум осетил потреба од дополнително да турам изолација... ништо не се слуша. ако кај вас се тенки зидовите ок... кај мене не се... инаку ако убаво разбрав, членот рече дека тоалетот му граничи со комшијата тоалетот... вујко-чичко што ли беше... за таа звучна изолација зборев... значи нужник до нужник....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3331 на: 06 Март 2015, 02:50:25 am »
не ја знам дебелината на зидот ама сигурно е само еден блок и малтер. Врата кога отвора затвора се слуша, седиш на шоља и муабет на тел да праиш се слуша што збориш... ми нема никаква интима. Башка низ тој зид и инсталација цефки што значи кршени блокови по ребра и толку му е.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3332 на: 06 Март 2015, 03:16:23 am »
Камена волна и поинаква изведба на sидот. Ќе ги контактираш кнауф главните за најдобра изведба и матриијали.
Малку ќе изгубиш на простор, ама ќе добиеш спокој.

Мислиш да го пополнам зидот со камена волна, низ неа цефките и да го затворам со гипс табли (1) па врз гипсот плочки? баш кај тој ѕид ќе ми биде тушот... ај баш ќе им пишам да видам што ќе дадат совет.

(1)   
« Последно менување: 06 Март 2015, 03:30:05 am Pistorij »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3333 на: 06 Март 2015, 08:04:59 am »
Јас мислам дека баш на тоа мислеше.
Јас би додал и плута одма над камената волна.
И немој да заборавиш, обавезно две табли гипс картон, една врз друга...
После тоа ке ти биде кенефот како глува соба :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3334 на: 06 Март 2015, 08:33:27 am »
А бе немојте. Мама ке је*ам, има све да покрадам. :)
mislis DOKRADAM ;)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3335 на: 06 Март 2015, 08:53:32 am »
Ke земам кредит и ке почнам од почеток. Нема што да се докрадува.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3336 на: 06 Март 2015, 11:48:25 am »
не ја знам дебелината на зидот ама сигурно е само еден блок и малтер. Врата кога отвора затвора се слуша, седиш на шоља и муабет на тел да праиш се слуша што збориш... ми нема никаква интима. Башка низ тој зид и инсталација цефки што значи кршени блокови по ребра и толку му е.

Провери да не користите иста вентилациона цевка/тумбус (ако имате таква вентилација). Во тој случај... џабе ќе ти биде да го изолираш ѕидот.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3337 на: 06 Март 2015, 12:31:17 pm »
не ја знам дебелината на зидот ама сигурно е само еден блок и малтер. Врата кога отвора затвора се слуша, седиш на шоља и муабет на тел да праиш се слуша што збориш... ми нема никаква интима. Башка низ тој зид и инсталација цефки што значи кршени блокови по ребра и толку му е.

Провери да не користите иста вентилациона цевка/тумбус (ако имате таква вентилација). Во тој случај... џабе ќе ти биде да го изолираш ѕидот.

Нема вентилација, освен прозорче.

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3338 на: 06 Март 2015, 12:35:26 pm »
Јас мислам дека баш на тоа мислеше.
Јас би додал и плута одма над камената волна.
И немој да заборавиш, обавезно две табли гипс картон, една врз друга...
После тоа ке ти биде кенефот како глува соба :)

Сале, многу ќе му дојде така на простор, мислам доволно ќе биде со една табла гипс. Сепак 4квадрати е и нешто ситно... Фала за совет инаку. Ќе терам со аква панел и останати премачкувања.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3339 на: 06 Март 2015, 12:42:13 pm »
Јас ти кажав како треба. Зид од кнауф се прави со две табли гипс 12,5 цм, + ова е место кое ке треба да биде залепено со плочки, ке има тежина, а згора на тоа и влага.
Со една табла се прави само плафон. Но ти си знаеш. 1,2 цм дебелина незнам што улога ке имаат?

А и мајстори да прашаш, пошто кај нас сите све знаат, ке ти речат дека нема потреба, доста е една табла. Затоа што толку и прочитале.
А немораат они да прочитаат, прочитај ти.... Имаш комплетна документација на сајтот на кнауф.
Преку кнауфот, добро е да се нанесе хидромал флекс, направија од адинг и тоа во слој од три раце.
Само на тој начин ке имаш вистинска хидроизолација, добра звучна и топлинска изолација, нормално и одлична подлога за лепење на плочките.
Се друго ке биде импровизација.
Би ми било драго да ме послушаш и истото го направиш како што треба.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3340 на: 10 Март 2015, 08:33:02 am »
имам во купатило неонка која споро се пали,иако ја сменив пред 8-9 месеци.и треба 10 минути додека засвети со пуна светлина,иако е сменета пред 8-9 месеци.сакам да ја сменам со лед неонка,ама незнам дали треба и нешто друго да сменам.нели има стартер кој ја пали обичната неонка,незнам со промената во лед што ќе се случи.имал некој искуство да ме советува што да направам,дали да ја сменам само неонката,или скроз да го сменам типот на осветлување?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3341 на: 10 Март 2015, 09:23:45 am »
Мене ми личи дека стартерот не ти чини на неонката и затоа се пали споро. Јас имам неонка во дневната соба и така правеше, тамам да се запали ќе трепне и така можеше да прави пола саат. Сменив стартерот и одма се пали.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3342 на: 10 Март 2015, 12:48:25 pm »
имам во купатило неонка која споро се пали,иако ја сменив пред 8-9 месеци.и треба 10 минути додека засвети со пуна светлина,иако е сменета пред 8-9 месеци.сакам да ја сменам со лед неонка,ама незнам дали треба и нешто друго да сменам.нели има стартер кој ја пали обичната неонка,незнам со промената во лед што ќе се случи.имал некој искуство да ме советува што да направам,дали да ја сменам само неонката,или скроз да го сменам типот на осветлување?

Ако си за ЛЕД, јас моментално истражувам (онака лагано) за тоа. Од тоа што гледам засега, тие навистна квалитетните брендови тотално се неисплатливи. Е сега, работата е како да се одбере квалитет помеѓу тие поевтините. Можеш да нарачуваш директно од Кина (Али, ибеј) ама генерално искуствата на мои познати, се лоши. Од домашниве понуди, најинтересни ми се гледаат V-TAC:
http://v-tac.eu/
http://www.v-tac.co.uk/
Овде ги држат www.ledlight.mk и гаранцијата е исто 2 години, исто како низ европа (онлајн продавниците).

Е сега, претпоставувам дека старата инсталација од неонката нема да можеш да ја употребиш - пошто ЛЕД осветлувањето воглавно употребува напон од 12волти (има и на 24, за специфични потреби). Значи ќе треба напојување на 12волти плус самите ЛЕД светла. Постијат имитации на неонки, ама мислам дека џабе ќе си ги фрлаш парите (поскапи се). Тебе би ти завршила работа ЛЕД лента, на пример некоја од овие:
http://www.ledlight.mk/index.php/led-strip/led-strip-3528-60-leds.html

Треба да знаеш колку лумени осветлување ти треба. Eве споредбена табела:


Tие ленти со назнака IP65 се водотпорни, ако ти се јавува многу кондензација во бањата - подобро IP65 да биде лентата. Напојувањето во тој случај можеби подобро да го сместиш некаде во ходник.
Скоро прашував, најевтините ленти се со 3528 чипови, метар од тие кошта 80ден, 110 ден за IP65 (водотпорните). Метар лента бара некои 4.5W (зависи од чиповите), напојување од 25W кошта некои 600ден (метално куќиште, подобро ладење), пластично од 18W - 260 ден.


И јас планирам осветлување дома, па сеуште се мислам што и како да правам. За во купатило се мислам дали воопшто ми треба ЛЕД (имаат дисциплина моиве за исклучување светло, иако најголем проблем е трајноста и потребата за менување на лампи). Како и да е, се надевам дека можеби ќе ти помогнат податоциве.  ;)


Едит: изгледа дека имитациите на неонките се смислени како директна замена:

http://www.ledlight.mk/index.php/led-tubes/led-tubes-t8-1200mm.html
Прашај си дали во лежиштето нешто треба да се менува (моја претпоставка е дека нема да треба).
« Последно менување: 10 Март 2015, 13:02:58 pm Van »

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3343 на: 10 Март 2015, 13:25:13 pm »
Јас ти кажав како треба. Зид од кнауф се прави со две табли гипс 12,5 цм, + ова е место кое ке треба да биде залепено со плочки, ке има тежина, а згора на тоа и влага.
Со една табла се прави само плафон. Но ти си знаеш. 1,2 цм дебелина незнам што улога ке имаат?

А и мајстори да прашаш, пошто кај нас сите све знаат, ке ти речат дека нема потреба, доста е една табла. Затоа што толку и прочитале.
А немораат они да прочитаат, прочитај ти.... Имаш комплетна документација на сајтот на кнауф.
Преку кнауфот, добро е да се нанесе хидромал флекс, направија од адинг и тоа во слој од три раце.
Само на тој начин ке имаш вистинска хидроизолација, добра звучна и топлинска изолација, нормално и одлична подлога за лепење на плочките.
Се друго ке биде импровизација.
Би ми било драго да ме послушаш и истото го направиш како што треба.
:)

Многу скапи бе овие аква панел табливе... има и водоотпорни кои се доста поевтини.
Сакам да набавам материјал од едно место и да ми го донесат.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4398
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3344 на: 11 Март 2015, 00:01:07 am »
@Filo не е стартерот,така праеше и претходно,па ја сменив
@Van фала за постот,корисно излагање.искача најубаво да ја извадам неонката и да ставам друг тип на осветлување(лед у секој случај) што ќе осветлува доволно.
вака неонката е 60 cm,и да можам да ставам лед,ќе биде само 800 lm што мислам дека е преслабо за во купатило.