друже... по логика на работите... да ти објаснам како иде.. еве, во фирма кај мене има пребивања, т.е. таканаречени, компензации... ја на тебе едно, ти на мене друго, натиго-дајмиго и на крај на 0 сме.. и сето тоа мора да пројде на хартија. чим пројде на хартија значи има договор, ф-ра, и ддв во него, како и данок на промет. ддв-то се пребива исто така, ама данокот на промет си го плаќа секој посебно, бидејки е на некој начин заработка остварена.. јас мојот продукт, сум го продал. дали за пари, или за други добра, јас сум го продал со некоја одредена вредност, а вредноста е нели изразена во пари. чим е изразена во пари, подложи на оданочување кон државата. така е и со струјата. ти ја произведуваш и на кој основ ке се пребиеш со ЕВН ако немаш мерило во пари колку си произвел? е па таа сума која ке ти биде признаена како производство е подложна на данок.
инаку велиш 1-2 панела.. повеќе од сигурен сум дека ако се дозволи такво нешто без фирма, многу луѓе ке се појават кои нема да турат 1-2 туку 15-20 панели ке турат.. потполно исто како во сад што видов, луѓе добиваа ф-ри со негативно салдо..пошие произвеле одошто потрошиле... и тука настапува моментот на оданочување кај нас.. како тоа мислиш ти ке се бавиш со производство, ке го уновчуваш тоа, а нема ни денар да платиш на државата?
таму некаде горе, само разликата ти се оданочува.. значи ако произведеш поише одошто поотрошиш, евн треба да ти ја плати разликата, е на разликата ке платиш данок а не на цела сума... ама повторувам, тоа таму во појаките цивилизации, важи тоа, затоа што од самата држава ја стимулира зелената енергија.. кај нас не е и нема да биде така... барем засега... искрено и јас се надевам дека ке се смени тоа, и би дигнал еден кредит за 30-тина панели д апоставам во викендица, па после ке пребивам со 2 сметки за струја т.е. и таа во викендица и оваа домашнава...