Автор Тема: ЕКО куќи  (Прочитано 1590354 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3285 на: 27 Февруари 2015, 20:28:54 pm »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3286 на: 27 Февруари 2015, 20:31:42 pm »
за лаптопот... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3287 на: 28 Февруари 2015, 01:14:08 am »
Само вака може на раат да си пеглаш

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3288 на: 28 Февруари 2015, 01:37:44 am »
ете... домаќин чоек, ја знае правата употреба...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3289 на: 28 Февруари 2015, 11:49:18 am »

Некои искуства со LED осветлување?
Пријатели што имаат нарачувано од нет, во главно се жалат на квалитет и на трајност. По продавнициве во главно гледам но-нејм производи со релативно прифатливи цени (едно дупло поскапи од тие од кинезите на нет). Бренд имињата тук и таму што ги држат се изгор скапи.

Единствено нешто што ми изгледа примамливо се V-TAC, кои ги продаваат во http://www.ledlight.mk
Гледам подоста продавници на интернет ги држат, а и домашниве дилери ја даваат истата гаранција од 2 години што ја дава V-TAC на интернет (и по други држави).

Така да, ме интересираат искуства со LED осветлување, позитивни и негативни.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3290 на: 28 Февруари 2015, 11:52:05 am »

Како стојат понудите со фотоволтаик панели кај нас, некои информации кој продава (евентуално и цени)?


http://inelsolar.com.mk/inel/index.php/mk/

Фала на линкот, не сум го видел. Иначе сеуште размислувам за облици на примена, пошто не ми се зема систем со акумулатори (а од ЕВН бараат да регистрираш фирма за да можеш да враќаш/продаваш електрична енергија).

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3291 на: 02 Март 2015, 11:23:17 am »
Сега за сега, освен да ја користиш за свои потреби, што подразбира инсталирање на акумулатори, друг начин нема. Се додека ЕВН не воведе двонасочни броила со кои директно ќе им ја „продаваш“ произведената енергија без потреба за акумулирање. Ова би било елегантно решено со одбивање на произведената енергија од онаа која што ќе ја потрошиш.

На пример во летниот период, преку ден, кога имаш најголемо производство енегријата да иде во мрежата на ЕВН, а од ЕВН да си зимаш најнормално како до сега. И на крај на месец да се преви пресметка на произведената и потрошената енергија.

Ама ова во некој паралелен универзум каде што Македонија е во Е.У. и ЕВН нема монопол.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3292 на: 02 Март 2015, 12:30:10 pm »

Нема логика да бараат да регистираш фирма, во ситуација кога воопшто не сакаш да им земеш пари или што-знам да правиш профит, туку само да се пребиеш со ЕВН за струјата што ја трошиш навечер. Ај ако не заебат нешто политичариве, ваљда ќе испадне изградбата на гасоводот Турски тек низ Македонија и сите ќе имаме подоста поевтин енергенс.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3293 на: 03 Март 2015, 00:33:16 am »

Нема логика да бараат да регистираш фирма, во ситуација кога воопшто не сакаш да им земеш пари или што-знам да правиш профит, туку само да се пребиеш со ЕВН за струјата што ја трошиш навечер. Ај ако не заебат нешто политичариве, ваљда ќе испадне изградбата на гасоводот Турски тек низ Македонија и сите ќе имаме подоста поевтин енергенс.

има логика, ама кај нас... на запад е со регулатива тоа решено... но кај нас, чим се бавиш со ПРОИЗВОДСТВО тогаш си правно лице... и подлежиш на оданочување чим го уновчиш-продадеш тоа што го произведуваш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3294 на: 03 Март 2015, 01:50:38 am »

Така де, тоа им е објаснувањето - ама не држи вода, пошто не зборуваме за никакво продавање туку само за пребивање со ЕВН, за вкупниот износ на потрошена струја. Затоа нема што да се оданочува. Или па во ред, ако веќе мораат два пати да одданочат - ОК бе ете и тоа нека биде, нека збираат арач. Ама отварање фирма... тоа се тешки заебанции за обичен човек со еден-два фотоволтаик панели и мало инверторче.

Не станува збор за цели фарми од соларни панели, туку за мали проекти на ентузијасти. Дури би можело и да се нагласи дека во случај на вишок од оддадена струја (во однос на примената), јавното лице нема право да бара надомест.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3295 на: 03 Март 2015, 10:38:15 am »
друже... по логика на работите... да ти објаснам како иде.. еве, во фирма кај мене има пребивања, т.е. таканаречени, компензации... ја на тебе едно, ти на мене друго, натиго-дајмиго и на крај на 0 сме.. и сето тоа мора да пројде на хартија. чим пројде на хартија значи има договор, ф-ра, и ддв во него, како и данок на промет. ддв-то се пребива исто така, ама данокот на промет си го плаќа секој посебно, бидејки е на некој начин заработка остварена.. јас мојот продукт, сум го продал. дали за пари, или за други добра, јас сум го продал со некоја одредена вредност, а вредноста е нели изразена во пари. чим е изразена во пари, подложи на оданочување кон државата. така е и со струјата. ти ја произведуваш и на кој основ ке се пребиеш со ЕВН ако немаш мерило во пари колку си произвел? е па таа сума која ке ти биде признаена како производство е подложна на данок.

инаку велиш 1-2 панела.. повеќе од сигурен сум дека ако се дозволи такво нешто без фирма, многу луѓе ке се појават кои нема да турат 1-2 туку 15-20 панели ке турат.. потполно исто како во сад што видов, луѓе добиваа ф-ри со негативно салдо..пошие произвеле одошто потрошиле...  и тука настапува моментот на оданочување кај нас.. како тоа мислиш ти ке се бавиш со производство, ке го уновчуваш тоа, а нема ни денар да платиш на државата?

таму некаде горе, само разликата ти се оданочува.. значи ако произведеш поише одошто поотрошиш, евн треба да ти ја плати разликата, е на разликата ке платиш данок а не на цела сума... ама повторувам, тоа таму во појаките цивилизации, важи тоа, затоа што од самата држава ја стимулира зелената енергија.. кај нас не е и нема да биде така... барем засега... искрено и јас се надевам дека ке се смени тоа, и би дигнал еден кредит за 30-тина панели д апоставам во викендица, па после ке пребивам со 2 сметки за струја т.е. и таа во викендица и оваа домашнава...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3296 на: 03 Март 2015, 13:28:05 pm »

Во твојот пример станува збор за пребивање во различни видови на роба, во таков случај sе потребни парите како деноминатор и единица мерка во која се изразува вредноста на двата различни производа кои се разменуваат. (башка за правни лица станува збор, кои имаат инвентар на роба и таа мора да се евидентира ако се вади од магацин, иначе инспекциите...).

Затоа во муабетот за струјата нагласив дека станува збор за пребивање на една иста роба. Електрична енергија.

инаку велиш 1-2 панела.. повеќе од сигурен сум дека ако се дозволи такво нешто без фирма, многу луѓе ке се појават кои нема да турат 1-2 туку 15-20 панели ке турат.. потполно исто како во сад што видов, луѓе добиваа ф-ри со негативно салдо..пошие произвеле одошто потрошиле...  и тука настапува моментот на оданочување кај нас.. како тоа мислиш ти ке се бавиш со производство, ке го уновчуваш тоа, а нема ни денар да платиш на државата?

Токму затоа нагласив дека вишокот не би се исплаќал, во случај на јавни лица (обични граѓани) не би постоела можност за негативно салдо. Регулацијата изричито ќе нагласи дека секој вишок во балансот ќе се третира како 0 (нула).
Идејата е да се промовира употреба на обновлива зелена енергија кај граѓаните. Наместо да се малтретираат луѓето со ретардирани услови како отварање фирма, нешто што никој нема да го направи заради пар волтаици.

Се што сакам да кажам - во е ред да се согласиме дека не ги гледаме исто работите, но реалноста  е дека нема логика наместо да се промовира употреба на обновлива зелена енергија... да се прават сопки и пречки. И тоа баш од државата која треба да промовира такви работи, а не да ги спречува.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1554
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3297 на: 03 Март 2015, 14:40:06 pm »
Работата не е до државата до ЕВН е.МОНОПОЛ Е. Нив не му одговара да има електрична енергија од сонце,ветар...... За тоа има такви закони во нивната фирма.
 
За да не приклучат :Нас за на викендица ни бараа : прво 20к евра, после некој период 18к и на крај застанаа на 16к - а требаше да стават само 3/4 бандери и + тоа ние им дававме трафо.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3298 на: 03 Март 2015, 14:54:42 pm »
После струјомерот прави си што сакаш. Стави фотоволтаик и намали си потрошња на мрежна струја со свој систем.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ЕКО куќи
« Одговори #3299 на: 04 Март 2015, 00:01:05 am »

Во твојот пример станува збор за пребивање во различни видови на роба, во таков случај sе потребни парите како деноминатор и единица мерка во која се изразува вредноста на двата различни производа кои се разменуваат. (башка за правни лица станува збор, кои имаат инвентар на роба и таа мора да се евидентира ако се вади од магацин, иначе инспекциите...).

Затоа во муабетот за струјата нагласив дека станува збор за пребивање на една иста роба. Електрична енергија.

е па видиш.. повторно грешиш. имаш 2 типа на струја. таа што е произведена од еколошки т.е. обновливи извори е едне тип на струја и подлежи на поинакво пресметување и цена. плус вредноста на произведената струја никако неможе да биде со иста цена од продажната. за да евн би имало профит да ја зима твојата струја треба да биде со цена пониска од таа што ти ја продава. автоматски имаш 2 различни цени и автоматски неможе да има пребивање киловат со киловат (на тоа претендираш нели).. ни на запад не е така... ни во америка ни во нов зеланд никаде не е така, т.е. таа струја што ти ја произведуваш и ја продаваш на локалната електро дистрибуција е поевтина од таа што они ти ја продаваат... практично, за да излезен на 0 со сметките, ако ти трошиш да речеме 5 киловати на саат (просечно) ке треба да произведеш 7-8 киловати...

и сега, чим имаш ценовна разлика, нема можност за директно пребивање, туку исто како да има 2 различни продукти.. ти зимаш од едниот цело време, тие зимаат од другиот цело време... на крајот од месецот се порамнувате... кој поише земал, му доплаќа на другиот... така е во цел свет...

туку да не вртиме празни муабети... како што е во цел свет така е и кај нас со цените, само единствениот проблем е што кај нас државата не ти дозволува да се бавиш со производство на струја и да ја продаваш на евн, ако немаш фирма... сака и државата да лапне од колачето на таа струја, т.е. да си платиш данок на продажба...

Работата не е до државата до ЕВН е.МОНОПОЛ Е. Нив не му одговара да има електрична енергија од сонце,ветар...... За тоа има такви закони во нивната фирма.

и не.. не е ЕВН криво за тоа... државата е... затоа што државата има донесено регулатива која вели евн, не смее да одкупува енергенси од физички лица. ако евн го направи тоа, ке биде казнето... тебе нема да те казни што како физичко лице продаваш произведена еко струја... и нормално, евн си се штити и вели нејкам казни, регистрирај фирма и ке купуваме струја од тебе... посекако на нив им одговара струја од ветерници, фотоволтаици итн итн, затоа што се редовно во мањак со струја (тоа е прва работа) а втора работа е што посекако имаат интерес од препродавање на струјата купена од тебе.. ке ти ја купат (да речеме) 2 денари за киловат, а ке ја продадат по 3 во евтина односно 6 во скапа тарифа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време