Јубовите малтери имаат 2 категории на малтери (абриб), едната е економична програма позната под името МАRK, и со неа може
да се прават само понежните нијанси, и за тоа имаат соодветна тон карта, поскапата варијанта на малтери на ЈУБ се секако
поквалитетни и од нив можат сите јаки и нежни нијански да се направат.
Цената за евтиниот малтер беше 1300 за канта со ДДВ, на ова да се додаде износот на парите за тонирање од 50-200 ден.
по канта, со тоа што се поминува 8-10 м2 фасада, поскапиот беше 1800 со ДДВ, во ист ценовен ранг на евтини малтери
се и малтерите на МАКСИМА Лучани, значи 1300 ден. и имаат своја тон карта за сите нијанси.
Овие цени се големопродажни. Потрошувачката на малтерот е помала, ако користиш абриб FULL, на пример со гранулација
1,5 мм, во однос на зарибаниот со иста гранулација.
Добро е и подлогата да се направи во иста нијанса, и пред нанесуванје на малтерот, да се направи егализација на кантите.
Можеш ли да ми објасниш што точно значи „
егализација на кантите, пред нанесуванје на малтерот„
И фала за одговорот, истото отприлика ми го кажаа и по продавниците. Со тоа што јас ги разбрав дека абриб со помала гранулација, има помала потрошувачка, но тоа
FULL или
зарибан не го разбирам. Тоа се шарите на фасадата?
Со Марк програмата на ЈУБ може да се прават и темни нијанси само што цената рипа релативно многу.
Од неа има две варијанти, односно акрилна и минерална. Незнам дали некој користи минерален абриб. Јас инсистирав тоа да биде акрилен.
Инаку цената е 1100 денари + тонирање. Кај мене излегуваше нешто ситно, пошто светла беше нијансата.
Другиот абриб, кој го ставив како цокле од ЈУБОЗОЛ беше по цена од 1800 денари за канта. Тој мислам дека има силикон + во структурата и намената му е за тоа.
Точно е дека имаш и абриб од 1800 денари кој јас сум убеден дека е 90% истиот, со тоа што заради цената не им се продава Па сега прават комбинации демек требало овака онака.
Маркот мислам дека се прави во фабрика во Србија, а ЈУБ-от ваљда во Словенија (можда и не) ама и заради тоа е цената....можда грешам
Како год, јас сум задоволен од овој сега што го имам - Марк.
Добра ти е идејата за цоклето со поквалитен абриб, прифатено!
За цоклето исто планирам стиродур од бар 5см да ставам, заради поголема водонепропусност и тврдина.
Иначе праскапо ми излегува некако варијантата со побарувањата на Јубизол за давање гаранција. Само на поскапиот абриб имам 700денари повеќе по канта, а мора и поскапа подлога -грунд. Врвот е тоа што мора сертифициран монтер за Јубизол, таков имам препорачано ама бара 7евра од квадрат за работна рака.
Кога ќе се собере се на се, целиот цех ќе излезе многу повеќе пари од варијантата со МАРК абриб, и 5 евра за работна рака (несертифициран, но препорачан мајстор -денес ги гледав кај колега како местат фасада).
Кај варијантата со гаранција од Јубизол, најмногу ми се допаѓа што луѓе од Јубизол вршат контрола на квалитетот на работата. Но навистина многу поскапо ќе испадне фасадата. :-/